Skip to content

Историја на шминката: Од антика до денес

Шминката постои од кога постојат луѓето. Првата употреба на шминка се поврзува со старите Египќани. Во многу египетски гробници се откриени сетови за шминкање од античко време. Самата Клеопатра користела кармин од мелени кармински бубачки. Останатите жени усните ги боеле со мешавина од вода и глина.

Во Рим луѓето ставеле мешавина од брашно од јачмен и путер на мозолчињата, а лак за нокти правеле од маст од овци и крв. Покрај тоа, на мода била бањата со кал. Некои мажи од Рим ја бојадисувале косата руса.

Козметиката во среден век

Во раниот среден век парфемите во Европа се увезуваат од Блискиот Исток како резултат на крстоносните војни. Во Англија, на мода доаѓа обоената црвена коса. Жените со висок статус во општеството ставале белки од јајца на лицето за да добијаат поблед тен. Сепак, некои луѓе верувале дека шминката ја блокира циркулацијата и дека претставувала закана за здравјето.

Ренесансна козметика

Италија и Франција стануваат главни центри за производство на шминка во Европа. Пристап до шминка има само аристократијата. Арсенот понекогаш се користи како прав за лице, наместо оловото. Современиот поим за сложено создавање мириси и парфеми еволуира во Франција. Раните парфеми се амалгами на приодни состојки. Подоцна, хемиските процеси за комбинирање и тестирање парфеми ги надминуваат нивните мачни и трудовоинтензивни претходници.

Европските жени се обидувале да ја осветлат својата кожа. За тоа користеле разни производи, вклучувајќи ја и белата оловна боја. Англиската кралица Елизабета Прва е позната корисничка на бело олово. Според неа се создава изгледот познат како „Маска на младоста“. Русата коса станува популарна. Мешавина од црн сулфур, стипса и мед се мачкала врз косата, при тоа била потребна и изложеноста на сонце.

Развој на глобалната козметика во 19-ти и ран 20-ти век

Цинк оксидот станува широко користен како прав за лице, заменувајќи ги претходно користените смртоносни мешавини на олово и бакар. Една таква мешавина, Серусе, направена од бело олово, било откриено дека е токсична и истата била обвинувана за различни здравствени проблеми, вклучувајќи треперење на лицето, мусклна парализа, па дури и смрт.

Кралицата Викторија јавно ја прогласила шминката за несоодветна. Во тој период на шминката се гледало како нешто вулгарно. Била прифатлива само за актерите.

За време на владеењето на Едвард започнува да се зголемува притисокот врз жените од средна возраст да изгледаат младешки и да дејствуваат како хостеси. Како резултат на тоа, употребата на козметика се зголемила, но сепак не била целосно популаризирана.

Популарноста на салоните за убавина расте, иако истите не биле во целост прифатени. Бидејќи многу жени не сакале да признаат дека нивниот изглед е резултат на користење на козметика, во салоните за убавина влегувале од задната врата.

Козметиката во последните 100 години

Гламурот на 1920тите

Флепер изгледот стапува на сцена за првпат, а со тоа се зголемува употребата на козметика. Темни очи, црвен кармин, црвен лак и темен тен, ова е забележана изјава на Коко Шанел. Козметиката и мирисите се произведуваат и масовно се продаваат во Америка.

Макс Фактор, полско-американски козметичар и поранешен експерт за шминка за руското кралско семејство, го измислува зборот „шминка“ и ја прави истата достапна за широките општествени маси. Макс Фактор им овозможува на жените да изгледаат како нивните омилени филмски ѕвезди. Тој го измислува првиот сјај за усни.

Стотици килограми пудра за лице се продаваат годишно во САД. Повеќе од 1.500 видови креми се достапни на пазарот.

Големата депресија во 1930-тите

Поради влијанието на филмските ѕвезди, популарен станува холивудскиот тен. Модната дизајнерка Коко Шанел изгорела за време на летниот одмор, но на луѓето очигледно им се допаднал нејзиниот темен тен. Темните тонови на кожата стапиле на сцена.

Среде Големата депресија, браќата Чарлс и Џозеф Ревсон, заедно со хемичарот Чарлс Лахман, го создаваат Ревлон, откако откриле уникатен процес за создавање на лак за нокти, користејќи пигменти наместо бои. Оваа иновација е одговорна за успехот на Ревлон. За само 6 години, Ревлон станува мултимилионска корпорација. Јуџин Шулер, основач на L’Oréal, го измислува првиот крем за сончање.

Современа козметика
1960тите и 1970тите и природната шминка:

Во 1960-тите првпат се поставени природни козметички производи засновани на ботанички состојки. Лажните трепки стануваат популарни. Воведен е првиот аеросолен дезодоранс – Gillette’s Right Guard. Во овој период жените носат природна шминка.

Лудилото на 1980тите

Во 80-тите години се забележани драматични промени во однос на претходните децении, кога жените обично носеле природна и лесна шминка. Наместо тоа, новиот поредок барал експериментирање со тешки слоеви на смели и светли бои. Го нема златниот сјај на 70-тите. Заменет е со основа што е за една или две нијанси посветла од природниот тон на кожата на жените. Смокинг очи во светли, дури неонски бои како електрично сина, портокалова и зелена се особено популарни.

Во 80-тите било потребно изгледот да се доведе до крајности. Жените се залагаат да изгледаат како Мадона и Синди Лаупер.

Тестирањето врз животните и 1990ти:

Тестирањето врз животни за потребите на козметиката во овој период е жешка тема во индустријата за убавина, водено од преференциите на потрошувачите. Во јуни 1989 година, Авон стана првата голема компанија за козметика во светот што објави крај на тестирањето на своите производи врз животни, вклучувајќи го и тестирање направено во надворешни лаборатории.

Другите компании последователно го следат примерот. Се интензивираат напорите да се развијат и добијат владини одобрувања за алтернативни методи за да се потврди безбедноста на козметичките производи.

Прочитајте повеќе за Нефертити – најмистериозната жена во стар Египет.

Напишете коментар