Skip to content

Мамо – Јулијана Вељановска

  • by

Ја чуствувам љубовта твоја од небото горе.

Јас твојата ќерка што чекори на земјава доле.

 

Го сакам дождот од небото ширно,

со него во душа ми е мирно.

Со отворени дланки чекам снегулки од небото за мене,

тие се мамо поздрав од тебе.

 

Сакам тивка ноќ штом дојде пешачењето и ѕвездите на небото горе.

Ѕвездите мамо се очите твој,

со кој ги следиш чекорите мој.

 

Кревам лика кон небото горе.

Ме препознаваш ли мамо?

Мене меѓу луѓето доле.

Срцево мамо по тебе боли,

солза да капне душа моли.

Твојата ќерка мала и сама,

Порасна во вистинска дама

Јулијана Вељановска

Напишете коментар