Skip to content

Кербер – кученцето од подземјето

Кербер е кучето – милениче на Богот на подземјето Хадес, кај нас познат како Ад. Кербер има три глави и е чувар на портите на подземјето.  Керберовата мајка, Ехинда е монструм и нејзиното млеко е отровно и штом нејзините кученциња ќе го пробаат стануваат ко неа. Зевс ги зема  кученцињата штом ќе почнат да цицаат и од нив прави чудовишта за борба или па за измачување на смртниците. За тоа како и зошто Хадес го земал Кербер постојат многу верзии на една иста приказна, но оваа е мојата омилена.

Кога Персефона доаѓа во кралството на Хадес, таа е згрозена и уплашена од сета темнина околу неа. Копнее по горниот свет (Земјата) и по сите животни на неа. Сепак Персефона е ќерка на Деметер – мајката природа. Хадес ја гледа нејзината тага и иако има репутација за суров бог сепак, тоа не е така. Тој е лудо заљубен во Персефона и е спремен да направи сè само за да ја усреќи. При посета на Ехинда, Хадес гледа дека едно од нејзините кученциња е отфрлено и сè уште нема пробано од нејзиното отровно млеко. Тоа кученце е токму Кербер. Хадес го зема Кербер и како подарок ѝ го носи на Персефона која веднаш се вљубува во кученцето. Ова е токму и моментот кога Персефона почнува да ја забележува добрината на нејзиниот сопруг и од тој момент почнува да го гледа со други очи. (За нив двајца повеќе во некоја друга статија.)
Интересно е што името Кербер доаѓа од грчкиот збор Κέρβερος (Керберос) што значи исфлекан или со точки. Па според ова можеме да заклучиме дека ‘страшното’ милениче на ‘страшниот’ Бог на подземјето се вика Флека.

Погледнете ја и легендата за Диоген од Синопа и Александар Велики.

Напишете коментар