Skip to content

Кои биле децата според кои е настанат ликот на Петар Пан?

Во следнава статија пишувавме за Петар Пан – детето кое се крие во секој. Во денешнава ќе пишуваме за децата кои биле инспирација за да настане ликот на Петар Пан. Прочитајте ја во продолжение.

Синонимот за вечна младост и одбивање да се порасне е детето во зелениот костим со зашилена капа со иста боја, Петар Пан, кој го создал шкотскиот автор Џејмс Метју Бари. Тој стана дел од популарната кутлура, а приказната за неговите авантури играна е и во театар и во филм. Сепак помалку познат факт е дека авторот за креирање на ликот се инспирирал од момчиња кои навистина постоеле.

„Изгубените момчиња“

Џејмс Метју Бари, момчињата од семејството Левелин Дејвис првпат ги видел во 1897 г. додека со нивната дадилка шетале по Кенсингтон Гарденс во Лондон. Тогаш петгодишниот Џорџ и една година помладиот Џек и нивниот новороден брат Питер веднаш го воодушевиле, така што почнал секојдневно да ги гледа и станал близок пријател на семејството. Нивните родители Артур и Силвија Левелин Дејвис, покрај овие три момчиња имале уште два сина, Мајкл и Николас, попознат како Нико, пишува Винтиџ Њус.

Ликот на Петар Пан првпат се појавил во 1902 г. во романот на Бери наречен „Мала бела птица“ во поглавјето кое се викало „Петар Пан во Кенсингтон Гарденс“. Оваа приказна почнала да се прикажува во театрите две години подоцна како претстава „Петар Пан, момчето кое не сака да порасне“. Претставата е дополнета и претворена во роман „Петар Пан и Венди“ кој е објавен во 1911 г. во кој се појавува и капетанот Кук, „изгубените момчиња“, браќата на Венди.

Децата го сакале “вујко Џим“, како што го викале Бари, а тој ги забавувал со измислени приказни, на кои подоцна ќе се базираат авантурите на најпознатото „вечно момче“.

Семејството доживеало голема несреќа

Семејството Дејвис во 1907 г. ја доживеало првата голема трагедија кога Артур, таткото на момчињата починал од рак на коските. Авторот на Петар Пан во тој период многу ѝ помагал на Силвија, но и таа после три години се разболела од рак и починала.

Така за момчињата се грижел Бари кој бил нивен единствен старател.Тој во тоа време бил книжевник кој добро се држел така што момчињата ги издржувал финансиски и им обезбедил “кров над глава“ додека не се осамостоиле. Иако останале без родители изгледало дека на момчињата сепак им бил обезбеден пристоен живот покрај семејниот пријател кој го сакале, но тогаш браќата Левелин Дејвис ги погодила нова трагедија.

Од пет браќа несреќно настрадале четворица

Најстариот Џорџ се пријавил како доброволец во британската војска за време на Првата светска војна, а во 1915 г. го изгубил животот на бојно поле на 21 година.

Шест години после овој несреќно загинал и Мајкл Левелин Дејвис давејќи се заедно со неговиот најдобар пријател, за кого се зборувало и дека му е љубовник, на Оксфорд. Многумина сметале дека токму неговиот лик бил најголема инспирација за Петар Пан, па така и не е чудно што Бари бил посебно погоден од неговата срмт, а некаде напишал дека “тоа на некој начкин бил крај за него“.

Џон Левелин Дејвис починал во 1959 г. на 65 години, додека неговиот брат Питер извршил самоубиство следната година. Тој цел живот се борел со “идентификување со Петар Пар“ и фактот дека така го викале каде и да се појави, му подлегнал на притисокот и скокнал под воз.

Од петтемина браќа Дејвис најдолго живеел најмладиот Нико, кој починал на 77 години во 1980 г.

Џејмс Метју Бари починал од воспаление на белите дробови на 19 јуни 1937 г. на 77 години и во болницата се одрекол од авторските права на „Петар Пан“.

Прочитајте ја и статијата за Џорџ Орвел, писателот кој имал голема моќ за предвиување на иднината.

Напишете коментар