Skip to content

Што рекол Стендал за љубовта?

Мари Анри Бејл (француски: Henri Beyle, роден на 23 јануари 1783 во Гренобл – починал на 23 март 1842 во Париз) е француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Познат по псевдонимот Стендал, тој се здобил со големо животно искуство како офицер, чиновник, дипломат и писател за време на реставрацијата во Франција. Негово најпознато дело е романот „Црвено и црно“, во кое дава хроника и критика на француското општество за време на реставрацијата. Други негови познати дела се: „Пармскиот картузијански манастир“, „Животот на Хајдн“, „Историјата на сликарството на Италија“, „Рим“ и „Арманса.

Стендал развил концепт наречен кристализација, поточно процес или менталната метаморфоза, во која непривлечните карактеристики на новата љубов се претвораат во перцептивни дијаманти со треперлива убавина; според цитат на Стендал: Она што јас го нарекувам „кристализација“ е „делување на имагинацијата, која во повеќето случаи не препознава прилично едноставна личност и истата ја претвора во посебно суштество.“

Стендал и неговата пријателка Мадам Герарди биле на прошетка во руднците за сол во близина на Салцбург. Се запознале со еден  интелигентен офицер од Баварија, кој потоа им се приклучил. Многу набрзо, офицерот почнал да се вљубува во Мадам Герарди.

Според Стендал, можело да се види дека визуелно „се вљубува“ во неа. Она што најмногу го погодило Стендал, били тоа што лудилото растело од момент во момент додека офицерот зборувал, гледал совршенства кај оваа жена кои беа повеќе или помалку невидливи за очите на Стендал. На пример, тој започнал да ја фали раката на Мадам Герарди, која била обележана од сипаници од нејзиното детство и била прекриена со дамки.

Стендал размислувал: „Како да го објаснам тоа што го гледам?“ Тој се прашувал: „Каде да најдам споредба за да ја илустрирам мојата мисла?“ Во тој момент Мадам Герарди играла со убава гранка покриена со солни кристали што и ја дале рударите. Сонцето силно сјаело (било трети август) и малите призми на сонцето светкале како  дијаманти во  осветлената сала за вежбање. Од ова набљудување, Стендал го формулираше својот концепт за ментална „кристализација“ и така се обидел да и го објасни на Мадам Герарди, која не биле свесна за заљубеноста на офицерот.

Што треба да знаеме за љубовта?

Постојат четири видови на љубов:

1. Љубов страст – страст која го апсорбира целото битие, која сама по себе е задоволителна.

2. Љубов кон вкусот – или галантерија, како во Париз околу 1760 година; нема страст или непредвидливост; усогласана е  со нашите интереси, додека првата љубов, односно љубов страст не е поврзана со нив.

3. Физичка љубов – љубов меѓу животните, дивјаците и простите Европејци (на пр. додека ловиш да најдеш убава и свежа селанка која бега во шумата).

4. Љубов од суета – повеќето луѓе, особено во Франција, сакаат да имаат жена заради мода, како да поседуваат прекрасен коњ; ласкавата суета им дава возбуда.

Раѓање на љубовта:

Кај вљубениот се јавува:

1. Восхит,

2. Во себе си вели „какво задоволство е да се сака такво суштество“,

3. Надеж дека ќе ја добие од оној што го љуби,

4. Раѓање на љубовта,

5. Кристализација (доволно е да се размисли за некое совршенство за да може да се види кај оној што љуби),

6. Се раѓа сомнеж, немир, гордост, љубомора,

7. Втора кристализација (љубовникот има само 3 мисли: таа е совршена, таа ме сака мене, како да го добијам најголемиот можен доказ за љубовта).

Љубовта треба да биде помалку весела, но повеќе страствена. Жената на мажот, која ја љуби, треба да изгледа совршено, но не во однос на сè што постои, туку во однос на сè што гледа во тој момент.

Може да се види зошто е потребна убавина за да се роди љубов. Грдотијата не смее да биде пречка. Љубовникот наскоро открива дека неговата љубовница е убава каква што е, без да размислува за вистинска убавина. Љубовта ја потиснува убавината.

Љубовта сака, на прв поглед, физиономија што покажува нешто кај човекот што предизвикува и почит и сожалување. Душата создава за себе, дури и без да е свесна, идеален пример. Еден ден таа запозна суштество кое изгледа како пример. Кристализацијата препознава предмет според немирите што ги предизвикува, жените кои се склони кон оваа несреќа се толку благородни и не може да сакаат поинаку отколку страсно.

Прочитајте и Кои биле децата според кои е настанат ликот на Петар Пан?

Напишете коментар