Skip to content

Поучна приказна за моливот кој има цел

Во следнава кратка приказна каде што има персонификација на моливот можат да се прочитаат многу мудри зборови. Да не должам, прочитајте и уверете се!

Мајсторот за изработка на моливи пред да го спушти во кутијата, издвоил еден молив. Постојат 5 нешта кои би требало да ги знаеш пред да те испратам во светот – му се обратил. Добро запомни и немој да ги забораваш и ќе станеш најдобар можен молив.

1. Ќе можеш да направиш големи работи, но ако само се предадеш во Нечии раце.

2. Од време на вреќе ќе доживуваш болни острења, но тоа ти е потребно за да станеш подобар молив.

3. Ќе бидеш во можност да направиш многу грешки кои би можел да ги направиш.

4. Најважен дел од тебе секогаш ќе биде она што е внатре.

5. На секоја површина на која ќе те потпрат мораш да оставиш своја трага. Без оглед на твојата состојба, мора да продолжиш да пишуваш.

Моливот разбрал и ветил дека ќе запомни, а потоа легнал во кутијата носејќи ја во своето срце смислата на своето постоење. Сега замени си го местото со моливот. Засекогаш запомни и никогаш не заборавај и ќе станеш најдобра осба каква што можеш да бидеш.

1. Ќе бидеш во состојба да направиш многу и големи нешта, но само ако се предадеш во Божји раце (или она во коешто веруваш). И дозволи им на своите блиски да ти пристапат поради многуте дарови кои ги доби.

2. Ќе чувствуваш болни острења од време на време, ќе поминуваш низ разни проблеми во животот, но сите тие ти се потребни за да станеш подобра особа.

3. Ќе бидеш во можност да ја поправиш секоја грешка која би можел/а да ја направиш.

4. Најважниот дел од тебе секогаш ќе биде она што е одвнатре.

5. На секое место по коешто ќе одиш мораш да оставиш свој белег. Без оглед на ситуацијата, мора да продолжиш да ги исполнуваш своите обврски.

Нека оваа поучна приказна за моливот ве охрабри и ви стави до знаење дека секој од нас е посебна особа и дека единствено ние самите можеме да допринесеме за исполнување на целите поради кои сме дојдени на овој свет. Не дозволувајте да бидете обесхрабрени мислејќи дека не можат да се направат промени. Промените се случуваат секојдневно, во каква насока најголемиот дел од времето зависи од вас.

Прочитајте ја и поучната приказна за самопочитувањето.

Напишете коментар