Skip to content

Вирџинија Вулф – геније на книжевноста

На денешен ден, 25-ти јануари 1882-та година родена е една од највлијателните англиски писателки, легендарната Вирџинија Вулф (д. Стивен).
Вирџинија е една од најекцентричните, најдлабокоумните и највлијателните писателки на дваесетиот век.

Образование

Вирџинија дипломира на Кралскиот Колеџ во Лондон каде што се среќава со раните реформери на феминистичкото движење кое подоцна постојано ќе се ткае низ нејзините романи, новели и раскази.

Личен живот

Вирџинија во 1912-та година се мажи за Леонард Вулф и заедно ја основаат издавачката куќа Хогарт Прес која постепено ги издава нејзините дела.
Врската помеѓу Вирџинија и Леонард може да се опише како нежна, скоро пријателска врска. Вулф пати од анксиозност, напади на паника, биполарност, а Леонард е секогаш тука како нејзина поддршка и некој на кој може да се потпре. Сѐ до нејзината смрт тој ѝ ја овозможува најдобрата лекарска помош.  Иако Вирџинија копнее да стане мајка, тоа за жал не се случува.

Вита и Орландо

Во 1922 – ра година Вирџинија ја запознава десет години помладата писателка Вита Саквил – Вест и започнуваат еднодецениска афера. Вита станува инспирација за книгата “Сопствена соба“, во која што Вирџинија на свој начин ја искажува поддршката на движењето на правата за жените. “За жена да може да пишува фикција мора да има своја сопствена соба. ” Во превод – жената мора да биде финанскиски стабилна сама по себе за да може нешто да постигне.
Вита е и инспирација за најпознатата новела на Вулф, “Орландо: Биографија”. Каде што ликот на младиот Орландо преку ноќ се претвора од маж во жена. Делото опфаќа три века и многу патешествија.
Синот на Вита по нивната смрт ќе изјави дека “Орландо” е “Најдолгото и најшармантното љубовно писмо некогаш напишано.”
Исто така, “Орландо” се смета и за првата транс новела напишана на англиски јазик.

Останати дела

Помеѓу бројните дела на Вирџинија редно е и да се издвојат “Г – ѓа Даловеј”, “Кон светилникот”, “Брановите”, “Помеѓу чиновите” итн.
Од расказите Шекспировата сестра” и многу други.

Темите варираат од романса, неконформирање на општеството до англиска политика и феминизам. Стилот на Вирџинија се карактеризира со тоа што самата таа навлегува во умот и размуот на ликовите, а нас читателите ни дозволува да го видиме сиот тој процес. Вирџинија пишува за тишини, неискажани приказни и соништа. Пишува за права и живот, за борба со демони додека потајно и самата таа се бори со нив.

Смрт

Волф е несреќна во сопствениот живот, во коренот од него. Двапати пробува да се самоубие пред конечно да успее на 28-ми март 1941г. Има само педесет и девет години кога се дави во реката Узе позади нејзината куќа. Во прошталното писмо оставено на Леонард вели: „Мислам дека двајца луѓе не ќе можат да бидат толку среќни колку што бевме ние.“ И со самите тие завршни зборови како да го теши и ослободува од вината оној кој цел живот за неа бил тука.
Можеме да се согласиме дека Виџинија е и ќе остане една од најенигматичните, најгенијалните, најинтелектуално и емотивно привлечните писателки и писатели кои некoгаш твореле и ќе творат на Земјава.

Прочитајте и што рекол Стендал за љубовта.

Напишете коментар