Skip to content

Приказна за една мудра баба и нејзините внучиња

Следнава приказна ја раскажува една мајка на две немирни момчиња од седум и една година. Прочитајте ја во продолжение.

Понекогаш се плашам дека од мојата, со внимателност уредена куќа ќе се направи хаос. Им се случува во нивната невина игра случајно да ја турнат мојата омилена ламба или да скршат некој внимателно направен украс. Во тие моменти кога ништо не е свето, се сеќавам на лекцијата која ја научив од мојата мудра свекрва.

Мојата свекрва е мајка на шест деца и баба на тринаесет внучиња. Таа е отелотворение на нежност, трпение и љубов. Еден Божиќ, сите деца и внучиња се собраа како и обично, во нејзината куќа. Месец дена пред тоа таа купила прекрасни бели теписи откако повеќе од дваесет и пет години живееше со “истите стари теписи“. Беше воодушевена со целосно поинаквиот изглед на својата куќа.

Мојот девер им ги раздели поклоните на неговите деца – извонреден домашен мед од неговите кошници. Децата беа воодушевени. Но како што тоа вообичаено се случува, осмогодишната внука случајно ја истури својата тегла по новиот тепих од бабата, згазна на него и остави траги по целата куќа.

Таа плачејќи дотрча во кујната, право во прегратка кај баба ѝ.

Баба ѝ клекна, нежно ја погледна во солзавите очи и ѝ рече:

– Не се секирај душо, ќе ти дадеме нов мед.

Прочитајте ја и следнава приказна за моливот кој имал цел.

Напишете коментар