Skip to content

Книжевен конкурс „Рукописи 44“

Домот на млади од Панчево го распишува 44-иот конкурс за Зборникот поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија – „Рукописи 44“.

Право на учество имаат автори помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на екс-југословенските јазици и на јазиците на националните малцинства во Република Србија.

Конкурсот ќе биде отворен до 21 февруари 2021 година.

Правила за учество

На конкурсот може да се учествува со поезија и/или кратка проза.

Треба да се испратат: до 3 песни и/или раскази: песните не подолги од 2, а расказите не подолги од 3 а4 страници (до 7000 карактери, големина на фонтот 12). Да се потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса на живеење (државјанство ако авторот живее во странство), број на телефон и мејл.

Ги молиме авторите личните податоци да ги внесат и во „телото“ на мејлот и на почетокот на фајлот со текстовите, исто така песните/расказите да бидат во еден Word документ, да не се испраќаат компресирано (ZIP, RAR итн.) и без екстерни линкови. Најпосле, да ги почитуваат правописните правила.

Мејл-адресата на која треба се праќаат текстовите е: [email protected]

Домот на млади Панчево препорачува праќање текстови по електронска пошта, а со обична пошта само доколку авторите немаат можност поинаку да ги пратат текстовите. Во тој случај, адресата е: Dom omladine, Svetog Save 10, 26000 Pančevo, Srbija (со назнака „за Рукописе 44“).

Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на текстовите! Текстовите што ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

„Рукописи 44“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а во текот на мај планирана е и промоција во Панчево. Односно тридневен фестивал (доколку дозволат епидемиолошките мерки). На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора што нема да имаат можност да дојдат на промоцијата на Зборникот примероци ќе им бидат испратени по пошта.

За дополнителни информации посетете ја страницава.

Напишете коментар