Skip to content

Оној кој

Оној кој никогаш не љубел

Се гуши во монотијата на пропаста

Оној кој никогаш не љубел

Не ја познава животната полет на радоста

Оној кој никогаш не љубел

Се губи во компасот на староста

Без да ја спознае младоста.

 

Оној кој никогаш не љубел

Не вкусил од јаболкото на сласта

Оној кој никогаш не љубел

Не го осетил лудилото на болеста

Оној кој никогаш не љубел

Не ги видел ѕвездите на небесата

Оној кој никогаш не љубел

Не ги знае убавините на чудесата.

Напишете коментар