Skip to content

Наградата „Гоцева мисла” ја добија Васил Тоциновски, Бајрузин Хајро Плањац и Олга Лалиќ-Кровицка

Годинашните лауреати ја добиваат за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите. Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава ја добија Васил Тоциновски, Бајрузин Хајро Плањац од Босна и Херцеговина и Олга Лалиќ-Кровицка од Полска.

Годинашните лауреати ја добиваат за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, а е воведена во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Велика Британија-Франција), Зафир Хаџиманов (Македонија-Србија), Вања Ангелова (Бугарија) и Миле Топуз (Македонија).

Напишете коментар