Skip to content

Ослободи се

Најголемото ослободување се случува тогаш кога ќе сфатиш дека не мора да правиш ништо. Не мора да се докажуваш. Не мора да потврдуваш дека вредиш. Не мора никого и ништо да освојуваш. Не мора да ги убедуваш другите дека си во право. Ниту да се плашиш од тоа кој што ќе каже. Ниту да се грижиш што некој ќе помисли.

Кога веќе ќе научиш што сакаш, прави го тоа што е можно почесто. Кога веќе знаеш кои се твоите граници на издржување, не ги надминувај. Не мораш никому да му кажеш фала. Тоа фала треба да си го кажеш само на себеси.

Ослободи се. Ослободи се дури и од мислите. Фати за рака некој лудак. Нека не ти бидат важни годините, ако тој те ослободува. Ништо нека не ти биде важно ако неговото присуство во твојот живот те прави слободна.

Заблагодари му се оној што те научил која е разликата меѓу она што е правилно и пограшно. Заблагодари му се на оној кој те научил што е грубост. Заблогари му се на оној кој ти го скршил срцето. Кој викал на тебе. Заблагодари му се за сите грди зборови. Заблагодари му се затоа што те научил што значи да се биде јака и силна.

Кога легнуваш на вечер, затвори ги очите и заблагодари се. Заблагодари се за денот во кој се сакаше и се грижеше за себе, но и за оние кои тебе ти се важни. Затоа што не си премногу уморна и истоштена од купиштата обврски и проблеми со кои се справуваш секој ден. Затвори ги очите и заблагодари се. Заблагодари се животот.

Затвори ги очите и помоли се. Помоли се за оние што се околу тебе, но и за оние на кои душата им отишла во рајот. Чекори низ животот бавно, но сигурно. Затоа што само сигурните чекори ќе те ослободат. Ама и ќе те доведат до целта.

Прочитајте зошто туѓото мислење не треба да ве повредува.

Напишете коментар