Skip to content

Надежта нè повикува – Сузана Д. Рулеска

  • by

Ако ја баравме надежта

во црвената боја на розата

ќе нè сакаше,

ако ја баравме во светлината

на сонцето со блесок од милион

бои ќе нè обоеше,

ако ја баравме во сјајот на ѕвездите

ќе ни шепотеше.

Ако ја најдеме

во зениците на очите ќе може

да нè гледа,

со гласот Божји да нè повикува

во бескрајната љубов да нè сака

ако ја најдеме во рајската птица

ќе ни пее, во пламенот на искрите

ќе нè осветлува.

Во светлината бескрајна со неа

со милоста до неа, со песната за неа.

Во надежта тагата се топи

само шепотот надежен нè пoвикува.

Сузана Д. Рулеска

Напишете коментар