Skip to content

Животни мудрости од Махатма Ганди

Мохандас Карамчанд Ганди (2 октомври 1869 – 30 јануари 1948) е истакнат водач на индискиот национализам во Британска Индија. Применувајќи ненасилна граѓанска непослушност. Ганди ја довел Индија до независност и поттикнал движења за граѓански права и слободи низ светот.

Почесниот Махатма (на санскрит, со значење: „великодушен“, „достоинственˮ – за првпат е применет во 1914 година во Јужна Африка, – а сега се користи во целиот свет. Него го нарекуваат Бапу (на гуџаратски јазик со значење: љубов кон „таткотоˮ, „татко“ во Индија.)

1. „Човекот е збир од своите дела, сè што направил и она за што е способен.“

2. „Среќата е кога она што го мислиш, го зборуваш и го правиш се ускладени.“

3. „Човекот е производ на своите мисли. Она што го мисли, тоа и станува.“

4. „Ти и јас не сме ништо друго освен едно суштество. Не можам да те повредам тебе, а со тоа да не се повредам и самиот.“

5. „На тиранијата треба да се спротивставиме, но во никој случај да не се нанесува зло на тиранинот.“

6. „Не смее да се употребува никаква лага дури ни за доброто на земјата.“

7. „Вербата не е нешто што може да се сфати, тоа е состојба во која се развивате.“

8. „Човекот е толку помал патриот доколку е слаб како поборник на човековите права.“

9. „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.“

10. „Имај смисла за хумор.“

11. „Каде што има љубов има и живот.“

12. „Нашата големина како човечки суштества не лежи толку во можноста да го промениме светот – бидејќи тоа е мит на атомското време – туку во можноста да се промениме себеси.

13. „Твоето здравје е твоето вистинско богатство.“

14. „Живеј како да ќе умреш утре, учи како да ќе живееш вечно.“

15. „Пронајдете се себеси така што ќе им служите на другите.“

16. „Акцијата ги изразува приоритетите.“

17. „Богатите за себе оставаат прекумерни резервни нешта кои не им се потребни додека милиони луѓе живеат на работ на глад. Ако секој би го ограничил својот имот само на она што му е вистински потребно никој не би морал да живее во беда и сите би биле задоволни.“

18. „Љубовта ништо не бара туку само дава. Љубовта само пати, никогаш не се кае и никогаш не се одмаздува.“

19. „Љубовта е најголемата сила која светот може да си ја претстави, но истовремено и најскромната.“

20. „Не смеете да ја изгубите вербата во човештвото. Човештвото е океан; ако неколку капки во океанот се нечисти, океанот нема да стане валкан.“

21. „Сите религии претставуваат различни патишта кои водат кон иста цел.“

22. „Најголемата сила со која располага човештвото е ненасилството. Тоа е посилно и од најмоќното оружје што го создало човечкиот ум.“

23. „На светот има доволно за човековите потреби, но не и за човечката лакомост.“

24. „Злосторнички е да се претвори моралната снага во слепа сила.“

25. „Морате да го направите она што е правилно. Тоа можеби и не е во вашата моќ можеби ниту во вашето време нема да дочекате плодови. Но тоа не значи дека треба да прекинете да го правите она што е исправно. Можеби никогаш нема да дознаете што ќе се изроди од вашата работа. Ако не направите ништо, нема да има никаков резултат.“

26. „Човекот не живее само од леб. Многумина го сакаат самопочитувањето повеќе од храната.“

27. „Молитвата не е забава за слободна старица. Кога добро ќе ја разбереме и примениме станува збор за најмоќниот инструмент на дејствување.“

28. „Уметноста на војување не е уметност за уништување луѓе, а политиката е уметност за залажување.“

29. „Живот без приницпи е брод без кормило.“

30. „Зборувај само ако тоа е подобрување во однос на тишината.“

31. „Мото на животот е да се избрише секоја солза од сечие око.“

32. „Потребни се многу лопати за да се погребе вистината.“

33. „Дури и кога сум малцинство од еден човек, вистината и понатаму е вистина.“

34. „Граѓанската непослушност е вродено право на секој граѓанин. Доколку се откаже од него, престанува да биде човек.“

35. „Идеалната ненасилна држава би била поредок без власт.“

36. „Ако ги победевме Англичаните со оружјето со кое нѐ поробија, нашето ропство ќе останеше дури и по нивното заминување.“

37. „Ако правите добро правете го за себе, ако правите зло, правете си го себе.“

38. „Според моето скромно мислење, несоработувајќи со злото во една мера е обврска како и соработувањето со доброто.“

39. „Луѓето секој ден ја чешлаат и уредуваат својата коса. Зошто не и срцето?“

40. „Ненасилството е првиот принцип на мојата вера.“

41. „За одвреме-навреме да се види универзалното и севременско лице на вистината, човекот мора да биде спремен и најмалечкото од сите живи суштества да го сака колку самиот себе.“

42. „Седум смртни гревови на денешниот свет: богатство без работа, уживање без совест, знаење без карактер, работа без морал, знаење без хуманост, религија без жртва и политика без принципи.“

43. „Молитвата ми го спаси животот.“

44. „Мораме да ги почитуваме другите религии, како што ја почитуваме својата. Не е доволно да ги толерираме.“

45. „Веруам дека Бог има исто толку имиња колку што има живи луѓе.“

46. „Човекот ја создал машината, но машината го зароби човекот и тој работи, а повеќе не живее“

47. „Ги мразам привилегиите и монополите. Сето она што не може да се подели со народните маси, категорично го одбивам.“

48. „Што и да правите, ќе биде безначајно, но многу е важно да го правите тоа.“

49. „Мораме да пружиме отпор на угнетувањето, но никако не смееме да му нанесеме зло на угнетувачот. Мораме да го победиме со љубов – да му откажеме послушност, макар и по цена на животот.“

50. „На пијаниот човек му се свртува во главата по две или три чаши, а на суетниот уште по првото ласкање.“

51. „Се противам на насилството, затоа што кога изгледа дека прави добро, доброто е само привремено; злото кое го предизвикува е постојано.“

52. „Криењето на незнаењето значи тоа да се зголеми. Чесното признавање на незнаењето, пак, дава основа за надеж дека порано или подоцна тоа ќе исчезне.“

53. „Не е мудро да се биде премногу сигурен во сопствената мудрост. Здраво е да се потсетиме дека најсилните можат да ослабат и дека најмудрите можат да згрешат.“

54. „Каква разлика прави за мртвите, сиромашните и бездомниците дали лудачкото уништување е изведено во име на некој тоталитарен режим или во светото име на слободата и демократијата?“

55. „Големината и моралниот напредок на народите може да се мери според тоа како постапуваат со животните. Единствен начин да живееш е да ги оставиш и другите да живеат.“

Прочитајте ги и следниве мисли од Вирџинија Вулф.

Напишете коментар