Skip to content

Поучна приказна: Најубавата жена на светот

Еднаш, група мажи разговарале на тема како изгледа најубавата жена на светот. На едниот му се допаѓале црни очи како јаглен, со огнен поглед.

На другиот му се допаѓале сиво-сините очи, бесконечно длабоки, како небото. Некој друг, пак, ги сакал оние со кафени очи, топли и насмеани.

А за косата, едниот рекол дека  поубави се жените со пократка коса. Другиот тврдел со подолга. Некои се восхитувале на оние со висок и величествен став. А други претпочитале помали, понежни и поелегантни фигури. И секој од нив сметал дека неговото мислење и опис се најточни и не престанувал да ги убедува другите за исправноста на неговата проценка.

Гледајќи дека тоа никогаш нема да заврши, тие конечно решиле да отидат кај еден мудар човек и да го слушнат неговото мислење:

– Почнавме да се расправаме, – му рекле, – и не можевме да се разбереме. Кажи ни, мудар човек, која жена е најубавата жена на светот?

Долго време старецот зјапал во белите врвови на далечните планини, повремено незабележливо се смешкал. На крај одговорил со овие зборови:

– Онаа што ја сакаш!

Прочитајте ја поучната приказна за една мудра баба и нејзните внучиња.

Напишете коментар