Skip to content

Здив на животот – Цветанка Невчева

  • by

Чувства на разбој распослани,

нема кој да ги исткае во ноќта како ваза,

длабока без сон,

каде р`ти цвеќето на немирот!

Последни отчукувања, одбројување.

Дојде време за разделба!

И сега е најдолгото никогаш!

Животот и смртта ги дели само еден здив.

Тежок здив на животот.

Цветанка Невчева

Една година без тебе…

Во спомен на Јордан Невчев, вечно ќе живееш во нашите срца!

Напишете коментар