Skip to content

Градот – Софи Индовино

  • by

Овој град имаше фосили од мојата душа,

уште пред да стапнам на овие улици.

Се сеќавав и јас, којзнае од каде,

се присетив на неговите мириси.

Мапите му беа исцртани

во мрежата на моите ириси..

Ме чекаше со векови.

По маглите ми праќаше абери.

Ово тло се радуваше на моите чекори,

како дете што се враќа во мајчините скутови…

Дишеше овој град,

по ритамот на моите одишки.

Транваите се движеа наоколу ,

по редоследот на моите реченици.

Сите сокаци беа олтари,

а јас сведок на венчавките,

на ликовите од моите призори.

И времето овде скокаше,

високо над зградите.

А штом мрак ќе паднеше,

се спушташе,

на брегот езерски,

на клупата дрвена,

на која стварноста стивнуваше.

И фреквенцијата со реалноста се губеше.

Само месечината беше сателитот,

кој вените ги брнуваше,

и со срцето управуваше.

А во очите плима ствараше.

Ме знаеше мене овој град.

Ме знаеше по душа…

Не ме препозна по името и лицето,

Туку знаеше дека до таму ме доведе срцето.

Софи Индовино

Напишете коментар