Skip to content

МКЦ со повик за уметници од областа на визуелните и применетите уметности

Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска распиша повик за уметници кои сакаат да учествуваат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од годишната ликовна програма.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции, информираат од МКЦ, и додаваат дека учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисијата и програмскиот колегиум на МКЦ.

„Квалитет, иновација, потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники“, стои во повикот на МКЦ.

Заинтересираните апликанти нема да треба ништо да печатат, да носат во архивата на МКЦ или да праќаат по пошта – доволно е само уредно да ја пополнат апликацијата онлајн преку следниот линк.

Повикот за аплицирање е отворен најдоцна до 17 февруари 2021.

Напишете коментар