Skip to content

Предлог книга за денес – Патување во Индија од Едвард Морган Форстер

Топла препорака за денес  е романот на Е.М Форстер, последен роман што го објави за време на неговиот живот  пред околу 100 години – Патување во Индија, во 1924 година. 

Едвард Морган Форстер (1 јануари 1879 – 7 јуни 1970) (англиски: Edward Morgan Forster) е  англиски писател на романи, раскази, либрета и есеи. Тој бил хуманист и се залагал за поврзување на луѓето и покрај нивните различности.

Овој роман зазема посебно место во светската литература и би рекла дека е можеби еден од најдобрите романи напишан од англиски писател за британското владеење во Индија.

Темата на романот е едно силување кое и никогаш не се случило. Бела млада жена обвинува шармантен индиски муслимански лекар дека ја нападнал во темна пештера  додека се на излет, но за време на судењето неколку недели подоцна, таа сведочи, несигурна е,  и ги повлекува сите обвиненија против него.

Белиот човек на некој начин ја губи честа и возбудените Индијци околу судот се веселат додека д-р Азиз е пуштен на слобода.

Херојски искрена младата дама, Адела Квестед, е должна да замине тивко во Англија и да биде линчована од  јавноста наместо да се омажи за градскиот судија, за што таа и доаѓа во Индија.

Форстер е многу смел раскажувач кој знае како да ги преврти стереотипите кои постоеле и можеби постојат и денес.

Главен настан

Како место за главниот настан – наводното силување,  тој избира навистина едно егзотично и мистично место, најстарите познати пештери во Индија, пештерите Марабар. Овие пештери имаат големо религиозно значење за хиндиузмот и будизмот. Тие се чисти и не ниту насликани ниту изрезбани.  Заради таа нивна чистина, Форстер ги нарекува примитивни.

Тие создаваат збунувачко ехо што не го враќа оригиналниот човечки звук, но секој пат се слуша  едно „Бум!“ – што наликува на „Ом“ но е, се разбира  негација на тоа побожно одзвонување. Ом, е свет звук и духовен симбол во индиските религии. Тоа ја означува суштината на крајната реалност, свеста или Атман.

Токму во рамките на толку елементарна утроба на звучна ништожност, Адела Квистед верува дека еден Индиец ја следел и се обидел да ја нападне.

Форстер ја напишал и ја преработил оваа епизода многу пати, очигледно затоа што немал јасна идеја за тоа што сака да се случи во пештерата, освен што посакува овој клучен настан да има голем филозофски призвук.

Индија – голема конфузија

Тој сакал истиот да биде превиен со одредена доза на „мистерија“, но се чини  дека се претворила во „конфузија“. Овие два поими  Форстер ги користи наизменично во романот.

Самиот Форстер ја доживеал Индија, каде и патувал, како една голема загатка и збрканица и сметал дека таа најдобро би била претставена конфузно и несредено.

Друга значајна тема на романот е и емотивното превирање на Адела која се вознермирува од фактот што треба да се мажи за човекот кој можеби не го ни сака.

Форстер пишува брилијатно и ако сакате навистина да ја спознете врската меѓу надмените Англичани и потчинетите Индијци прочитајте ја оваа книга која нема да ве остави рамнодушни. Секако, книга која вреди да ја имате на полиците од вашиот дом.

Видете го и предлогот за Предлог книга за читање – Мајсторот Хирам и царот Соломон од Кристијан Жак.

Напишете коментар