Skip to content

Краток е денот

Краток е денот

со сите негови часови

и отчукувања на сказалките

кои со ритмичен звук го мерат времето.

Се бркаме со минутите во недоглед,

во еден магичен круг

на (не) постојаност,

не се стигнуваме,

бавни ми се чекорите

дијаметрално од нив летаат минутите

низ лавиринтот од патеките,

брзи ми се чекорите,

а секундите ми се слизнуваат низ прсти,

без прашања, небарајќи одговори.

Краток е денот,

а ноќта е бескрајна

со сите нејзини забавени чекори

сопрени во минутата.

Напишете коментар