Skip to content

Кажи ми учителе – А. Лефкоска

Кажи ми учителе, што да правам?
Кажи ми пријателе, како да заборавам? На главата рана жешка,
во главата очи смели,
во градите болка тешка,
другарите и другарките занемени цели.

Занемени во лицата бели,
се враќаат по година,
со солзи оловни, врели,
плачат по својата татковина.

Насекаде рушевини,
насекаде страв,
наместо убавини,
земја света покрива прав.

Тежок се тука водеше бој,
ги оставив роднините,
црни куршуми летаа учителе мој,
таму горе во планините.
И сега кога на сѐ дојде крај,
кога пристигна победоносен со смрт исполнет мај,
сега ќе седнам и солзи, реки длабоки ќе пуштам,
и сѐ што останало да стои ќе срушам.

Низ куќа сламена, чадот ќе растерам, завеса искината ќе кренам пламена,
во каминот со мир оган ќе разгорам , тука ќе седнам да починам.
Оган ќе гори,
солзи ќе леам,
песни ќе пеам и мирно ќе почивам.

Напишете коментар