Skip to content

Најљубовна – Зринк

  • by
Гласно
шепотам
Те љубам
Посакај
ѕвезди да нацртам
небото да го обојам
хоризонтот да го дофатам!
Те љубам
како ноќта денот
месечината сонцето
пеперутката цветот.
Те љубам
живот еден.
Те љубам
онака од душа.
А душата
Знае ли да слуша?
Зринк

Напишете коментар