Skip to content

Превез од белина

Превез од белина

Која го засени твојот поглед

Ме остави без здив

Непрестаен сомнеж за убавина

Која ја имаше насекаде околу тебе

Без да погледнеш туѓ поглед

Без да засениш ниту една сенка

Без да се оттуѓиш од минатото

Без да завладееш со иднината

Само со мирот на сегашноста.

Пролеана со вода дури и во душата

Од каде твојта крв почна да извира

Рацете ти беа свила,

Завиткуваше секоја рана

Без да боли, без да офне,

Нозете ти беа коприна

Во налани од тантела

За да го распостилаш векот

За да газиш по земјата наросен дождец

За да ги урнисаш сите тополи насадени во твое име

Каде си?

Се смееш некаде од далеку

Како бекрија кој го испил последното вино

И кроце по кроце

Ѕирка низ полу-отворената врата

Во мојот живот.

Тука си, те чувствувам,

Но никогаш не те гледам.

Напишете коментар