Skip to content

Да одморам душата

Ќе заминам на далечниот Север,
онаму каде што е вечен мрак и Сонце не допира,
каде што живи луѓе нема и водата кристална мирува.
Ќе заминам таму каде што е вечна тишина,
што само од капките замрзнати е разбиена,
ќе заминам каде што блеска во синило мајката природа,
и сите нејзини дела ѝ лежат скриени во прегратка,
во таа снежна постела,
кај што самата таа ги привила и светот на тој дел го заспала.
Ќе заминам на далечниот Север,
онаму каде што е вечен мрак и Сонце не допира,
каде што живи луѓе нема и водата кристална мирува.
Ќе заминам таму,
ќе побегнам од сушата,
ќе заминам таму да одморам душата.

Напишете коментар