Skip to content

Кога ќе сфатиш – Снежана Паноска

  • by

Кога ќе сфатиш дека не треба да се лутиш,
кога не си добил играчка, ниту лижавче или мече,
времето поминало,
си останал со солзите, со болката во душата.
Ќе научиш и ќе се промениш,
да добиваш малку за многу.

Кога ќе сфатиш дека
насмевките не биле искрени,
биле наменети за друг,
кога другарките не биле твои,
ами се дружеле за да се подбиваат
со тебе,
ќе научиш, ќе се промениш, ќе запаметиш
и нема да пушташ секого во твојот живот.

Кога ќе сфатиш дека колегите не биле искрени,
и кога си им ја давал својата душа на дланка
тие ја газеле пред тебе, пред твоите очи,
а ти само си гледал немоќен да направиш нешто.
Ќе научиш , ќе се промениш,
нема да си го даваш знаењето,
нема да си го раскинуваш здравјето,
ќе се сакаш многу повеќе себе си,
бидејќи веќе дошло времето,
ако не е и предоцна за да се промениш,
оти катаден си заборавал, дека навистина било време
тоа и да го направиш.

Снежана Паноска

Напишете коментар