Skip to content

Митот за Кадмо, основачот на Теба, на грчката азбука и на градовите Охрид и Будва

Кадмо во грчката митологија бил феникиски принц,  син на кралот на Тир (денешен Либан),  Агенор и кралица Телефаса. Бил  брат на Феникиј, Килик и Европа. Кога Зевс ја киднапирал Европа, Агенор ги испрати своите синови во потрага по неговата сестра и им наредил да не се враќаат во Феникија без неа. За време на неговите талкања, Кадмо го основал градот Теба во Грција, чијашто акропола првично се нарекувала Кадмеја во негова чест. Кадмо бил славен од античките Грци заради воведувањето на оригиналната азбука, т.н. феникиски букви (phoinikeia grammata).  Грците потоа ја прилагодиле на нивниот јазик и направиле своја грчка азбука.

Херодот проценува дека Кадмо живеел 1.600 години пред него, или околу 2000 година п.н.е. Херодот видел и опишал натписи напишани со кадмовски букви на некои триножници во храмот на Аполон во Теба. Тојпроценил дека овие триноножци датираат од времето на Лаиј, правнук на Кадмо. На еден од триножниците стоел  натпис напишан со кадманско писмо, за кој вели дека наликува на јонски букви: Ἀμφιτρύων μ᾽ἀνέθηκ᾽ἐνάρων ἀπὸ Τηλεβοάων („Амфтрион ми ги поклони по победата над Телебоите“).

Живеел за време на микенската ера

Грците сметале дека Кадмо ја основал Теба пред Тројанската војна (т.е. во периодот на бронзено време). Оваа хронологија не се согласува со она што е познато денес за потеклото и ширењето на феникиската и грчката азбука. Со сигурност е утврдено феникиското потекло на грчката азбука, најстарите грчки натписи, на кои формите на грчките букви се совпаѓаат со феникискиот јазик, и датираат од крајот на 9 и 8 век п.н.е.. Додека пак самата феникиска азбука не била целосно развиена до околу 1050 година п.н.е. (или после крајот на бронзеното доба).

Сликата за микенската ера што ја прикажува Хомер во своите епови покажува исклучително мала свесност за пишувањето и писменоста, што може да се одрази на губење на писменоста и заборавање на линеарното писмо Б за време на мрачното доба . Всушност, единственото спомнување за некакви списи кај Хомер е во изразот „γράμματα λυγρά“ (grámmata lygrá, буквално „смртоносни знаци“), што се однесува на писмото на Белерофон. 

Носител на азбуката од Феникија

Таблици напишани со Линерано писмо Б се наоѓаат во голем број во Теба, врз основа на кои може да се претпостави дека легендата за Кадмо како носител на азбуката во Грција всушност одразува некои претходни легенди за потеклото на Линеарното писмо Б во Грција.  Но, таквата теза, колку и да е привлечна, во никој случај не е веродостоен заклучок, со оглед на доказите што се на располагање.

Врската помеѓу името на Кадмо и  историското потекло  на Линеарното писмо Б или на подоцнежната феникиска азбука, доколку воопшто постои, останува да биде нејасна. Според грчкиот мит, Кадмo владеел со Теба наизменично неколку генерации, вклучително и за време на Тројанската војна.

Самотрака

Кога Зевс ја киднапирал  Европа, Агенор ги испрати своите синови, вклучувајќи го и Кадмо, да ја бараат својата сестра и им нареди да не се враќаат во Феникија без неа. Не можејќи да го пронајди – или не сакајќи да му се спротивстави на Зевс – Кадмо стигнал во Самотрака, остров посветен на „Големите богови“  и на Кабирите, чии мистерии подоцна ќе бидат славени во Тебa. На Самотрака, Кадмо пристигнал со неговата мајка  Телефа  и неговиот внук (или брат) Тас, синот на Килик, по кого беше именуван блискиот остров Тасос.

Основач на Теба

Кадмо, трагајќи по својата сестра, пристигна во Делфи, каде ја замолил пророчицата за совет. Питија му наредила да се откаже од потрагата по неговата сестра и да пронајде град на место до каде што ќе го носи крава со белег во форма на полумесечина.  Поминувајќи низ Фокида, видел таква крава меѓу говедата на синот на Амфидамант, Пелагон; Кадмо ја купил оваа крава и ја следеше долго време, сè додека конечно не ја однесе во Беотија, каде животното умрело од исцрпеност. Кадмо на тоа место решил да го основа градот Теба. Прво поставил статуа на божицата Атина, на која сакаше да и жртвува кравата. 

Бидејќи му требаше вода за жртвата, тој испрати неколку свои придружници да земат вода кај блискиот извор Исмена. Но, страшен змеј, чуварот на овој извор, ги нападнал и ги убил другарите на Кадмо; на нивните извици, Кадмо дошол  и го убил змејот.

Го убил страшниот змеј

По совет на Атина, тој посеал половина од забите на змејот, а другата половина им ја дал на божиците на кралот на Колхидите, Ејет. Веднаш вооружени луѓе излегле од посеаните заби, Спарти (=„посеани“). Кадмо фрлил камен меѓу нив и тие веднаш започнаа горчлива борба, од која преживеаја само пет Спартанци. Тие му помогнаа да го подигне Кадмеја, т.е. тврдината Теба и станале основачи на најблагородните семејства на тој град. 

Бидејќи змејот му бил посветен на Арес, Кадмо морал да го искупи неговото убиство служејќи му на тој бог осум години. Според тебанскиот мит,  по овие осум години, боговите му ја дале на Кадмо за жена Хармонија („хармонија“, буквално значење „добро составена“).

Се оженил со Хармонија

Кадмо и Хармонија имале еден син Полидор и четири ќерки Агава, Автоноја, Ина и Семела. Во Теба се одржала  величествена венчавка на Кадмо  и Хармонија и тоа беше прва венчавка на смртници на која за прв пат присуствувале  сите богови. Боговите им донеле и подароци на младенците; Хармонијата доби пеплос од Атина, и ѓердан од Хефест. Тој ѓердан, обично познат како ѓердан на Хармонија, им носел несреќа на сите што ги поседувале.

И покрај неговата божествена наклоност и помош во основањето нов град и во брак со Хармонија, Кадмо немал среќа: неговото семејство било погодено од големи неволји, а градот бил распарчен од внатрешни конфликти. Тој на крајот се откажал од власта во корист на неговиот внук Пентеј, а потоа отишол  со Хармонија во Илирија, каде склучил сојуз со Енхилејците.

Основач на Будва и Охрид

Подоцна, како крал, тој ги основал градовите Лихнид (Охрид) и Бутое (Будва),  за кои се вели дека биле именувани според воловите што носеле коли со Кадмос и Хармонија во Илирија. Кадмo бил многу несреќен поради сите неволји што го снашле како резултат на убиството на змејот на Арес, па еден ден рекол дека ако боговите се грижат толку за една змија, би сакал и тој да стане змија. Веднаш, на неговото тело почнаа да растат крлушки и тој се претворил во змија. Гледајќи што се случило, Хармонија ги молела боговите да ја претворат во змија, и нејзиното барање веднаш беше исполнето.

Прочитајте го и Митот за платното на Пенелопа, симбол на верната жена.

Напишете коментар