Skip to content

Губитници

Дали го изгубивме и воздухот?

Планетарно ништивило

Од изгубени души

Кои дишат на шкрги

Во аквариум каде и водата

Добила вкус на метал.

Изгубени души

Изгубени воздушни кислородни поддршки

Изгубени замисли за нови животни патеки

Изгубени пријателства од други светови

Изгубени светлини од мрачни сили

Дајте ни сила да вдишеме воздух

Дајте ни сила да чекориме по патеките на љубовта

Дајте ни сила да избегаме во ноќта

Дајте ни сила да ја најдеме силината на животот.

Дајте ни живот!

Изгубивме се!

Љубов,

Топлина,

Надеж,

Светлина,

Мелодија,

Слобода,

Човечност,

Допир.

Дајте ни живот!

Изгубивме се!

Остана само неспаќе и бреме !

Дајте ни живот!

Изгубивме се!

Остана само мрак и невреме!

Дајте ни живот!

Изгубивме се!

Каде е Сонцето да го осветли ова мракопатешествие?

Напишете коментар