Skip to content

Тивко умирање – Сабахета (Ета) Мерсими

  • by

Солени реки затвараат поглед

кон твоето заминување

cе кршат стаклата

на ранетата душа,

раната крвари!

Се парчоса нешто длабоко

во мене

лековите не помагаат

не можам да ги запрам

солените поточиња на моете образи,

и соберам сите стакла

како и вените кои крвараат!

Се скрши секое делче длабоко

во мојата душа.

солените потоци летаат

преку образите,

алвеолите се стегаат,

страшни трзаи

немири

ивоздишки

Оф колку боли!!

умира последна надеж по тебе

а во гради толку, толку

многу боли

Малите солени поточиња,

крварење од вените продолжува

никакви лекови не помагат

Скршено е секое делче од

моето срце

Но јас не престанувам да трагам

и барам излез да стигнам

до тебе!

Сабахета (Ета) Мерсими

Напишете коментар