Skip to content

Винска убавина

Ти, што ги поиш сите души со крвта на рајскиот живот сјаен

Ти, што го вжаруваш секое срце со небесен пламен

Ти, што зборот го внесуваш во незаборав вечен

Ти, на љубовниците им даваш поглед течен.

 

Дај ми да се облечам во твојата облека од кристал

Дај ми да се опијам да се качам на пиедестал

Дај ми да ја опејам убавината твоја

Дај ми да ја смирам разбранетата душа моја.

 

Преточи се во крв од струен поток

Опиј ме со песна , дај ми живот кроток!

 

Преточи се во мелодија лесна

Да запеам, животот со тебе, знам е убавина лесна!

 

Напишете коментар