Skip to content

Глечер – Радован Павловски

На жегите на Југот
ти си дом, огниште на зими
глечер што не се топи,
ниту за својот бол знак дава.

Вулкан на ледени страсти
гори во глечерот како оган
во зениците на вљубени очи.

Тој глечер ги прибира
пламењата на љубовта
како птиаца далечините
под своите бели крилја.

И јас често со парченца мраз
во јуни минувам по ридја
од смил и босилек
и челото го ладам:
темни облаци
околу глечерот се вртат.

Неговата чиста убавина
молњи ја бранат. Тој глечер
тој бескуќник на мудроста
со свежина светот го храни.

Тој глечер
таа бела коцка на Природата
огледало е на глад
на соништата
камен и пена.

Напишете коментар