Skip to content

Републички литературен фестивал „Мали ѕвездички“

  • by

По повод 2-ри април светскиот ден на литература за деца Здружението ,,Златно перо “ -Битола организира републички литературен фестивал „Мали ѕвездички“ (поезија за ученици од сите основни школи од прво до деветто одд. (I- IX) во сите градови на Р.С.Македонија).

Секој ученик има право на една песна, напишана во word doc. Times New Roman font 12 кирилична поддршка.

Песните да се пишувани на Македонски јазик. Темата е слободна.

Да бидат потпишани со име презиме училиште и град, и истите да бидат лекторирани и потпишани од менторот и (тел. од менторот).

Ракописите да се испраќаат на e-mail: [email protected].

Конкурсот трае од 15.02 до 30.03.2021 год.

По разгледувањето на песните ќе истакнеме список на учесниците во конкурсот од кои првите три песни ќе бидат наградени. Книгата „ПАЛАВО ДЕТСТВО“ ќе биде издадена во електронска форма, доколку се овозможат услови, ќе биде издадена и во печатена верзија и секој ученик добива по еден примерок, доставен по пошта на домашна адреса.

Со оглед на околностите од КОРОНА ВИРУСОТ, промоција ќе нема. Целта е популаризација на квалитетна литература за деца и подигнување на свеста за нејзината важност во целокупниот процес на раст и развој на децата. Истакнување на местото на книгите во интелектуалниот и емотивниот развој кај младите.

Идејата е конкурсот да прерасне во традиција и да се позицира на мапата на републички конкурси посветени на литературата.

Телефон за контакт: 077 57 57 67

Напишете коментар