Skip to content

Ерос и Психа – најголемата љубовна приказна

Ерос (латински: Amor, Cupido) во грчката митологија бил бог на љубовта, страста и сексот. Некои митови Ерос го прикажуваат како еден од исконските богови, додека според други, тој е син на Афродита и на Арес или Хефест.

Потеклото на Купидон

Купидон е мал ангелски херувим кој вдахнува љубов стрелајќи две лица со неговите љубовни стрели. Иако Купидон личи како мало дете со буцкасти образи, Купидон бил вистински римски Бог. И Римјаните го презеле директно од грчката митологија, оставајќи ја приказната за него непроменета и само преименувана од Ерос во Купидон.

Исконски бог

Според Хесиод (околу. 700 п.н.е), еден од најстарите грчки пишани извори, Ерос (богот на љубовта) бил четвртиот бог кој се создал после хаосот, Геја (Земјата) и Тартар (Бездната на подземниот свет).

Ерос и Психа

Неговата љубовна приказна започнала со една жена која се викала Психа. Таа била многу убава и луѓето почналe да ја обожаваат нејзината убавина, занемарувајќи го олтарот на Афродита. Лута што луѓето ќе ја запостават за една обичен смртник, Афродита му наредила на нејзиниот син Ерос да ја проколни Психа да се  заљуби во најгрдото и најлошото суштетство што постои.  Ерос кога ја видел Психа се  вљубил во неа. Не можејќи  да ја проколне како што сакала  неговата мајка, Ерос ја зел  Психа за неговата сопруга, но и кажал  дека таа никогаш нема да може да го погледне ниту да го праша за неговиот вистински идентитет.

Таа се согласила, не знаејќи кој е тој. Ерос ја скрил на место каде неговата мајка не би ја нашла, но на Психа ѝ  било дозволено да се гледа со нејзиното семејство,  бидејќи таа не можела да го види Ерос. Бидејќи можеле да се гледаат само ноќе, Психа ги поканила своите сестри да ја посетуваат преку ден. Се разбира, тие биле љубоморни на нејзиниот живот и ја убедиле да ја наруши довербата на нејзиниот сопруг и да го погледне во лице. Ерос побегнал по предавството на Психа.

Психа и Афродита

Тажна што ги послушала нејзините сестри, Психа конечно ја побарала Афродита за да ја замоли да ја обедини со Ерос. Афродита не ѝ простила на Психа што привлекувала луѓе во храмовите на Афродита и уште повеќе се налутила од фактот дека и Ерос ѝ се спротиставил. Наместо да ѝ помогне на Психа, Афродита ѝ дала четири навидум невозможни задачи. Последната била стапица, а Психа ја избегнала како што Афродита знаела дека ќе го направи тоа. Психа тогаш била заробена во царството на Адот. Кога Ерос дознал што ѝ се случило, побарал помош од Зевс за да ја врати Психа од мртвите.

Психа станува божица

Не сакајќи да дозволи нешто друго лошо да ја снајде, Ерос ја однел Психа на планината Олимп каде  ја направил бесмртна како негова сопруга. На крајот, Афродита попуштила, а парот беше еден од ретките примери на љубовници кои конечно имале среќен крај во грчката митологија. Заедно тие добиле ќерка, Волупта или Хедона („физичко задоволство“).

Прочитајте го и Митот за Кадмо, основачот на Теба, на грчката азбука и на градовите Охрид и Будва.

Напишете коментар