Skip to content

Внуци – Сабахета Мерсими

  • by

Омилените детски лица
со невините насмевки
прегратки и молби за игра
те радуваат

Титрави игри на криенки
Неумешни палавите игри
со топки
лутини со крикови смеа.

Не уморни игри без граници
плими и осеки на секојдневни
збивања,
те исполнуваат и заспиваш
сонувајќи ден
поминат на палавоста нивна.

Навечер собрани во топлата соба,
жагорот нивен не се губи, те опива!
Заспиваш и повторно насмеан среќен
во соништата на милувките благи
на внуците драги

Сабахета Мерсими

Напишете коментар