Skip to content

Легендата за настанокот на виното и факти за него

Според легендата виното настанало во Ерменија, после потопот. Ноевата арка после потопот се населила на планината Арарат која тогаш ѝ припаѓала на Ерменија (денеска ѝ припаѓа на Турција). Ное посадил лозје во долината на планината Арарат. После тоа, првата лоза го дала својот плод, луѓето биле воодушевени и почнале да јадат грозје. Со оглед дека лозјето многу родило, не можело да го собере во некои мали садови и луѓето одлучиле да го стават во бочви и истите да ги однесат во подрумите.

Додека траеле летото и есента, луѓето јаделе свежи плодови од грозје, меѓутоа кога почнала зимата грозјето повеќе го немало. Тогаш луѓето одлучиле да ги отворат бочвите, но кога ги отвориле имале и што да видат: грозјето се згмечило и почнало да пушта течност со виолетова боја. Некој од присутните ја пробал таа течност и останал во неверување колку всушност било вкусно.

Од друга страна и археолошките наоди потврдуваат дека виното настанало во Ерменија бидејќи токму таму е пронајдена најстарата винарија во светот (Арени Винарија). Во нејзе се пронајдени садови за ферментација, преса за грозје, подруми, бовчи. Според одредени верувања, трагови од вино се пронајдени многу порано во Кина, Иран и Грузија.

Виното како најстар пијалак во светот

Виното е најстариот алкохолен пијалак во светот. Како што се разнолики сортите грозје така се различни и видовите вино. Околку тоа на која температура, во каква часа и со кое јадење се пие одреден вид вино, се создаваат расправии меѓу обожователите на виното. Виното не е само пијалак туку околу неговото консумирање се создала своевидна филозофија. Тоа може благотворно да делува на вашето здравје, но во преголеми колични станува штетно. Долгата приказна за развојот на виновите лози и традицијата на пиење вино би можела да исполни цела библиотека. Во продолжение ќе наведеме некои занимливости и најважни историски факти поврзани со виното.

Почетоците на виното – време пред Новата ера

Виновата лоза е една од најстарите билки на светот, пред повеќе од 100 милиони годии се појавиле првите видови дива лоза. Први докази за големото производство на вино можат да се најдат веќе 5 илјади години пред Христос во денешната Грузија и јужен Ирак. Остатоци од винови лози докажуваат дека во тој период систематично го одгледувале лозјерто.

Повисоките класи во древниот Египет донеле големи количини алкохолен пијалак во Блискиот Исток во 4 000 година пред Христос. Дури и во античка Персија виното е веќе познато во 3 000 година пред Христос. Легендата од времето околу 2 5000 години пред Христос тврди дека Персијанците го “измислиле“ виното.

Потоа феникиските морнари околу 1700 година пред Христос однесле винова лоза на Крит и Грција. Околу 1000 години подоцна, лозјето е воспоставено преку гранки на трговија и воени бази на гричките навигатори ширум Медитеранот.

Фактот дека до ден денешен уживаме во вкусните вина можеме првенствено да им се заблагодариме на Римјаните кои ја прошириле традицијата на одгледување винови лози и обработка на грозјето по целата Европа. Тие саделе винова лоза во освоените подрачја од Средна Европа, но само таму каде климатските услови ветувале добар род.

Понатамошниот развој на виното

Во 8. век Карло Велики во одредбата за управување со земските добра системски го регулира одгледувањето, подготовката и продажбата на вино. Виното во овој период е со многу скромен квалитет. Често бил слаб и кисел бидејќи не било познато дека виното може да се подобри пред ферментација со додавање шеќер или дека може да му се намали киселоста со додавање вар.

Дури во почетокот на 18. век, главно преку трпеливата работа во манастирите, производството на вино е подобрено. Доминацијата на цркавата над производството вино е прекината со доаѓањето на Наполеон, а виното станува уште поквалитетно и подобро.

Борба со филоксера (инсект што ја напаѓа обично виновата лоза)

За жал, радоста траела кратко. Во средината на 19. век од Америка е увезен инсект наречен филоксера. Филоксерата уништила повеќе (околу 70%) винови лози во Европа. Сортите типични за одредени подрачја како и мешаните сорти, едноставно исчезнале. Само со облагодарување на преостанатите сорти лозје можеле да се изборат со овој штетник. Американскиот ентомолог Рајли сфатил дека америчките лози се отпорни и предложил калемење на европските видови лози на америчка подлога. После тоа почнал долг, макотрпен процес на калемење секој нападнат вид европска винова лоза бидејќи тоа бил единствен начин да се спаси европското лозје од пропаст.

Во знак на благодарност Француската влада на Рајли му доделила орден за Легија на честа. Трагичната последица на тоа поглавје во историјата на лозјето се состоела во изумирање бројни автохтони видови винова лоза, посебно таквата локална мала пазарна вредност. За среќа лозјето се поправило и денеска имаме различни сорти винови лози од кои можат да се направат врвни вина. Површината на лозјето во Европа и ширум светот расте во континуитет бидејќи виното станало едно од главните потрошувачки добра на нашето време.

Дионис – грчкиот бог на виното

Според верувањето, Дионис е бог на виното. Дионис бил син на Зевс и Семела. Неговиот контакт со виновата лоза бил на ридот во Ниса (Ниш) каде што нимфите го скриле од Хера, тогашната жена на Зевс. Откако го пробал грозјето и се напил вино, Дионис тргнал во поход со својот придружник. Со себе имал винова лоза и го запознавал населението со процесот на правење вино. Подоцна Дионис е прогласен за моќен бог. Од тогаш виното има почесно место помеѓу оние што го пијат. Се смета дека виното е пијалак на боговите.

Дали вие сакате да уживате со чаша вино? Кое е вашето омилено, дали преферирате бело, црвено, розе или сино вино?

Прочитајте ја и легендата за  Панетоне – италијанскиот божиќен колач.

Напишете коментар