Skip to content

Неиспорачано писмо – Ана Дедова

  • by

Дата: 07.10.2020                                                                                                                                                                          Време: 06:20 ч.

За Тодор-Тоше Проески – македонската леденда!

13 години без тебе…

Драг Тоше, цели тринаесет години се обидувам да испорачам писмо до тебе. Но, каде?! Каде, кога замина без поздрав! Замина, без да оставиш адреса и телефонски број, за да повремено ти се јавуваме, или да ти пишеме по некое писмо, да ти кажеме колку ни недостасуваш. А, ни недостасуваш секој ден, цели 13 години! Знаеш ли колку многу е тоа? Знаеш ли колку болат солзите на твоте родители, на твојата сестра, зетот, твоите прекрасни внуци? Твоите фанови ширум светот, на секој 5-ти октомври, денот на твојот последен концерт, сè уште прават ѕвездено небо во твоја чест, било каде да се.

Во твојата куќа, драг Тоше, сè уште се чувствува твоја отсутност. Твојот кревет во твојот семеен дом, остана празен и недопрен. Недостасува твоја насмевка, твојот глас, твојата песна! Не, нема да прашам зошто замина? Мојата свест ми кажува дека така требало да биде, а мојата потсвест се обидува да го најде одговорот на тоа прашање, што веќе цели 13 години секој од нас си го поставува.

И да… Не ти се претставив.

Јас сум еден од милионите твои фанови, еден таканаречен таен фан, кој те следеше во тишината. Во мојот дом, гласно ги слушав и сè уште ги слушам твоите хитови кој после тебе, драг Тоше, никој не може да ги продолжи. Јас сум личност која со тивки чекори, чекорам по патот на хуманоста, во твоја чест. Јас сум безгласниот твој фан, на кој му недостасуваш, без да дознае некој и секоја вечер заспива со шепот на усните, а гласно во срцето изговара молитва за тебе. Јас сум девојката на која на сон и се јави и побара да отиде во твојот сакан манастир, во твоето родно Крушево.

Еве и сега ти ветувам дека ќе го исполнам заветот кој на сон ми го остави. Ти ветувам дека ќе доаѓам во твојот манастир, секогаш кога ќе имам прилика!

И за крај сакам да знаеш: СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ НОСАМ ВО СРЦЕВО!

Со љубов, Твојот вечен фан Ана!

Ана Дедова

Напишете коментар