Skip to content

Мачки

Мачките знаат кога ги погледнуваш
Ги милуваш со твојата аура
Тие ти враќаат милно поглед
Вреден за памeтење.
Мачките знаат кога се остри
Како гребењето на дрвот
Кое ги оштри нивните канџи,
Но, не те напаѓаат,
Само остро те погледнуваат
За да запаметиш дека се туѓи.
Туѓи се во мислите,
Во умилкувањата,
Диви како песните на поетите
Го разбираат само јазикот на љубовниците
Кои неволно лежат на попладневното сонце
На масандрите над улиците
Мјаукаат
Заводливо,
Несфатливо..
Се прашуваш дали се гладни?
Гладни само за еден нежен поглед
Една незаборавна љубов
Од времето на романтичарите
Кога пренесуваа љубовни писма
Како гулаби писмоносци кои секогаш
Го знаат својот пат,
Секогаш носат подарок за
Својот невидлив господар.

Напишете коментар