Skip to content

Цитати од Ѓорѓе Балашевиќ, човекот кој беше најголем поет меѓу музичарите

Во текот на вчерашниот ден осамна веста за смртта на српскиот Боб Дилан како што во Србија ќе биде наречен Ѓорѓе Балашевиќ. Тој беше човек кој беше најголем поет меѓу музичарите. На 67 години ја изгуби битката со животот меѓутоа легендите како него никогаш не умираат, тие се вечни. Во негова чест денеска издвојуваме само дел од неговите безбројни цитати кои се безвременски.

„И ако уште има што да се опрости ете и тоа ноќеска ти го простувам.“

„Ти секогаш ги знаеш најубавите зборови, ти дури и молчиш повеќе од сите. Ти имаш насмевка која сè лекува, ти од пцости правиш стих.“

„Ти бо можела да бидеш сосема задоволна од начинот на кој ми недостигаш.“

„Можеби сум заљубен. И да сум, не можам да ѝ кажам. Знам, би рекла: Ти ја имаше својата шанса.“

„Не ти била секоја во зборовите. Некоја ти била и во срцето, но си молчел за неа. Јас знам дека и ти знаеш, дека вистинската љубов не се спомнува никогаш и никаде.“

„Остана една книга со неколку непрочитани страници и некои предметчиња од херенди порцелан и еден џемпер кој ти го носеше.“

„Беше некој кој не знае да остане. И не остана, никогаш. А ја сакав. И таа мене ме сакаше. Сите тоа го знаеја, освен ние.“

„Да се чека на недочекано, да се надева во безнадежност, да се прегрнува без прегратка, да се љуби без бакнеж, да се проникнува во мислите. И спознанието дека сме тука некаде. Толку блиску, а толку далеку.“

„Сега оди само со својата насмевка и се смее погласно од никогаш претходно. Пријателе, изгледа дека си ја изгубил.“

„Ја чувам, сигурна е, а повторно ѝ давам малку слобода, а многу љубов и разбирање. Знаеш, еден ден би сакал моето дете да ја вика мама.“

„Не можам да бидам тука за неа, а секогаш ќе очекувам таа да биде тука за мене. Не можам кога ќе ѝ биде најтешко да дојдам и прегрнам, иако знам дека таа би го направила тоа.“

„Знам дека мразиш вторници, знам дека избегнуваш дупки со вода на улица. А знаеш ли ти дека некои победи се добиваат на јуриш.“

„Јас и понатаму го чекам твојот повик. Порака. Извинување. Нешто што ќе нè спои повторно.“

„Еден ден ќе застанете некаде на сред некоја добро позната улица, ќе погледнете во небо и ќе разберете зошто сè баш така се случило. Длабоко ќе го вдахнете новиот живот и со храбри чекори ќе продолжите понатаму и најпосле ќе сфатите дека животот е премногу краток да бидете несреќни.“

„Такви се, знаете, чувствителните особи. Чувствуваат дупло, слушаат порано. Бидејќи точно еден чекор пред нив оди нивната душа.“

„Така тоа оди: најпрво некому нешто простуваш, а потоа си простуваш себеси што си му опростил.“

„Од накит носеше само очи.“

„Никогаш не ја изневерив, ја насмеав за три животи ѝ поклонив ланче со мала златна гитара. Но, не ја сакав, нека ми прости Бог. А, сепак зборуваше дека јас сум нејзино сè.“

„Сметав дека со текот на времето ќе се заљубам во неа, а дека нема ни да забележам. Но воие денови дознав дека не можеш, а да не забележиш кога ќе се заљубиш. О, забележуваш. Забележуваш и те како.“

„Тоа е единствена фотографија на која сме заедно, затоа и ја врамив, уште тогаш, да ја сочувам. Од некои важни причини не можат да ја откачам, но од некои малечки причини не можам да ја откачам и да ја исечам на малечки парчиња. И така е тука, во фиока. Ни таму, ни ваму.“

„И нека небото не ми земе за зло, но ти си единствено нешто во кое се молам.“

„Кој има среќа во картите, нема во љубовта. Да, а кој нема среќа во љубовта, нема во ништо.“

„И не го сакам принципот “памти-па врати“, тоа би ми го извалкало образот. Нема подобра победа од погледот во нечии очи без грижа на совеста и знаејќи дека таа особа сопственото срце од срам ќе го издаде.“

„Ми го кршиш срцето како багремов стап, онака попатно.“

„Би можел едноставно да ја опишам како тивка и разумна особа полна со разбирање, но рака на срце тоа би бил потполно погрешен опис.“

„Има многу луѓе кои од мене повеќе заработувале, но нема многу кои од мене повеќе потрошиле.“

„Имав полно такви денови во животот и ги помнам само по тоа што сум ги заборавил. Тие се како слики во детските боенки кои оживуваат дури тогаш кога околу нив ќе се потрудиш, и јас сум како и сите, прескокнав многу страници трагајќи за сликите кои полесно ќе ги обојам.“

„Во облаците не живее никој. Само неостварените соништа.“

Прочитајте ги и цитатите од Тони Морисон.

Напишете коментар