Skip to content

Калдрми – Огнен Коцевски

  • by

По овие калдрми цел милениум чекореле непропменети луѓе. На овие камења се врежани имињата на славните херои од минатото. На моето срце врежано е само твоето име. Слава им, велиш за сите тие луѓе, нека се благословени довека, но зарем славата припаѓа на минатото кое го нема? Кому да сме благодарни? На оние кои повеќе ги нема, а на чии гробови им се поклонуваме, или на оние кои сега нè распродаваат?

Проблемите остануваат и ќе останат. Појави се Господе, дојди ослободи нè од нашето неверие и нељубов. А ние само ќе се обидуваме, што и да биде, ќе помине. Вечно ќе остане правот на улиците по кои чекореле тие непроменети луѓе. Луѓето кои некаде итаат, со загрижени лица да стигнат на работа, механички живеејќи од денес за утре. И тие хероите, заедно со нив.

Огнен Коцевски

Напишете коментар