Skip to content

Самодоверба – Благица Наумова

  • by

Очекувај трн, очекувај пропаст. Јажето виси на вратот, та затоа немој да се опушташ. Нека не олабавува твојата вилица, наместо тоа нека остане згрчено насмеана. Затоа што тоа ќе ти продолжи здив во тишината на мракот, во молкот на хаосот и зајдисонцето на животот. Можеби не ти се живее, можеби не ти се говори, но послушај го гласот длабок. Твојата внатрешна жица пее само за тебе… Ако не се послушаш себе кого друг?

Твојата дланка се грижи за себе, твоите очиња заплакуваат, усните пресушуваат. Секоја твоја болка се одразува на твоите делчиња. Да, оние делчиња кои се креација на твојот лик! Зар вреди да ги растажуваш?! Ах, за што?! Поради недостаток? Ах, не ти треба пополнетост на твоите гради верувај! Срцето твое и духот се доволни за да те пополнат. Не ти е потребно нечија туѓа креација, ниту пак нежен допир на површината!

Имаш сопствен допир за да го прегрнеш, сила за да го почувствуваш, слух за да го слушнеш и дух за да го видиш! Зар тоа не е доволно! Зар мора нечиј спектар да го згрее твоето коронарно грне?! Не верувај не ти треба! Знаеш зошто?! Затоа што редок е оној вид што гледа низ ткаенината…

Благица Наумова

Напишете коментар