Skip to content

Шпанија

Под напливот на снегот од Пиринејот
Сонцето на Медитеранот ја топи лавината
На баскиската земја
Жиците на гитарата се кинат
На звукот од фламенкото
Дуенде!
Извик „Оле“!
Магијата на танцот
Кои ги велича
Славните корида,
Небескиот матадор
Ел Сид
Јуришa преку океан,
Со морепловецот од Џенова
За да стигне онаму каде никој не бил.
Само ти Шпанијо,
Го преплови океанот
Пркосеше на морињата
Дон Кихот на новите времиња
Предвесник на ерата на новите сили
Експанзија на неочекуваните земји,
Мистификација од Агреда
Дамата во сино
Која го посети Новиот Свет
Крштение на Индијанците,
Компостела, обновоен херој
На тешките маврски времиња,
Шпанијо,
Заливи и лозници
Кои се удираат
Со црвен блесок
Во Памплона,
Кои се заплеснуваат со сонце
На твоите брегови
Крај Андалузија,
Каде се судираш со црната Африка,
Во Барселона
Каде небото се судира со Саграда Фамилија,
Во Толедо
Каде се судриле три култури,
Во кралскиот Мадрид
Од каде зрачи твојата монархија.
Веласкез, Пикасо
Тенебризам и кубизам,
Гауди, Ел Греко
Зарем може да се зборува веќе?
Човек останува нем
Пред овој жар од цвеќе?

Напишете коментар