Skip to content

Александру Македонски – еден од најголемите романски поети, симболист и франкофон

Александру Македонски (14 март 1854 – 24 ноември 1920) e романски поет, романсиер, драматург и литературен критичар, познат особено по тоа што го промовирал францускиот симболизам во неговата родна земја и за водење на романското симболистичко движење во неговите почетоци. Неговите предци се доселиле од Отоманска Македонија во  Влашка.

Предвесник на модернизмот и симболизмот

Предвесник на локалната модернистичка литература, тој е првиот локален автор кој користел слободен стих, а според некои критичари е првиот во модерната европска литература. Во рамките на романската литература, критичарите го сметаат за Македонски како втор голем поет после  националниот поет Михаил Еминеску.Алекако водач на космополитски и естетистички тренд формиран околу неговото списание „Литеторул“, тој беше дијаметрално спротивен на традиционалниот пристап  на Еминеску и на неговата школа.

Дебитирајќи како неоромантичар во влашката традиција, Македонски поминал еден период во  реалистичко-натуралистичката сцена, притоа постепено го прилагодуваше својот стил кон симболизмот и парнасизмот и повеќепати, но неуспешно се обидувавал да се наметне во франкофонскиот свет. И покрај неговите експериментирања, со кои  реагирал против традиционалните насоки на поезијата, тој одржувал доживотна врска со неокласицизмот и неговиот идеал за чистота. Сите фази од неговата кариера се рефлектираат во збирките Prima verba, Poezii, и Excelsior како и во научно – фантастичкиот роман Thalassa, Le Calvaire de feu. Кон крајот на животот,  пишувал  рондели, каде претставува една оттуѓена и спокојна визија за животот, која се разликува од неговата младешка борбеност.

Перфект во две покраини

Паралелно со својата книжевна кариера, Македонски бил државен службеник, и служел како префект во Буџак и Северна Добруја во доцните 1870-ти. Како новинар и милитант, постојано менувал позиција помеѓу либералната струја и конзервативизмот, вклучувајќи се во големите случувања и контроверзии од неговото време. Од долгата серија на весници кои ги основал, Literatorul бил највлијателен, каде често пишувал за неговите конфликти со книжевното друштво Junimea. Имал често конфликти со поетите Василе Александри и особено Еминеску, контекстот и тонот со кои пишувал за нив биле  причина да дојде до недоразбирање меѓу Александру Македонски и неговите читатели.

Поддршка на Централните сили во Првата светска војна

За време на Првата светска војна, поетот постојано бил критикуван заради поддршката на Централните сили и бил  против сојузот на Романија со силите на Антантата. Неговиот живот бил обележан  и со постојан интерес за езотерија, бројни обиди да се препознае како изумител. Бил и страствен велосипедист. Потекнувал од политичко и аристократско семејство. Бил син на генералот Александру Македонски, кој служел како министер за одбрана на Романија и внук на револуционерот Димитрие Македонски (по потекло од Македонија). И неговиот син Алексис и внукот Соаре биле познати сликари.

Накратко за неговото творештво

Иако Александру Македонски често го менувал својот стил на пишување и ставови за книжевноста, се мисли дека  сите негови дела имаат силен визуелен аспект.  Синсинат Павелеску за Македонски рекол : „Поет, па затоа и сликар; сликар, па затоа и поет“. Трајан Деметреску, еден од неговите ученици, се потсетил дека неговиот ментор сонувал да стане визуелен уметник, и на крајот се реши да го претвори неговиот син Алексис во еден.

Следејќи ги принципите на Димитрие Болинтинеану и Теофил Готје, Македонски постојано повикувал на чистота во версификацијата и го поддржувал тоа како суштинско барање додека прогресивно се обидувал да го потврди квалитетот на неговата поезија преку фонестетиката.

Карактеристика на стилот на Македонски е неговата инвентивна употреба на романскиот јазик. Првично под влијание на воведувањето на зборови на италијански јазик во романската лексика од страна на Јон Хелиаде Радулеску, самиот Македонски подоцна внел во неговиот поетски јазик голем број на неологизми од повеќе романски јазици.

Објавени дела:

Prima verba (поезија, 1872)

Ithalo (поема, 1878)

Poezii (поезија, 1881/1882)

Parizina (превод на Парисина, 1882)

Iadeș! (комедија, 1882)

Dramă banală (расказ, 1887)

Saul (со Синсинат Павелеску; трагедија, 1893)

Excelsior (поезија, 1895)

Bronzes (поезија, 1897)

Falimentul clerului ortodox (есеј, 1898)

Cartea de aur (проза, 1902)

Thalassa, Le Calvaire de feu (роман, 1906; 1914)

Flori sacre (поезија, 1912)

Zaherlina (есеј, 1920)

Напишете коментар