Skip to content

Историски факти за Хитлер за периодот пред да стане диктатор

Адолф Хитлер остана запомнет како еден од најголемите диктатори на 20.век. Човек кој е одговорен за масовното унитшување на цели народи и најголемото разурнување кој светот некогаш го видел. Пред да се обиде да завладее со светот, Хитлер се обидел да стане сликар. Со години се обидувал да живее од својата уметничка работа и насликал стотици дела кои ги продавал.

Неуспешен сликар – успешен диктатор

Во сликарството не бил успешен. Два пати се обидел да упише виенска Академија на уметностите, но два пати бил одбиен. Комисијата сметала дека младиот Адолф има повеќе талент како архитект откако како сликар. Дури и му било сугерирано да проба да се запише на архитектонско училиште. Хитлер не ги послушал. Бил убеден дека ќе се прослави како сликар и се обидел да заработи продавајќи рачно изработени разгледници на кои биле прикажани познатите глетки на Виена каде што живеел во тој период. Во својата книга „Мојата борба“ Хитлер тврдел дека сликалд дури три дела дневно.

– Јас сум уметник, а не политичар. Еднаш кога ќе се реши полското прашање, сакам да го завршам својот живот како уметник – му рекол година дека подоцна канцеларот Адолф Хитлер на британскиот амбасадор Невил Хендерсон. Иронично, податоците на виенскиот бизнисмен Самуел Моргенстерн кој бил посредник во продажбата на Хитлеровите слики, откриваат дека најголемиот број од неговите дела ги купувале Евреите.

Дело на Адолф Хитлер

Хитлер против Кокошка

Занимлив факт е дека истата година кога Хитлер по втор пат бил одбиен, наместо него бил примен славниот Оскар Кокошка. Тој и Хитлер несвесно станале ривали, а нетрпеливоста продолжила повеќе години. Додека Кокошка се качувал на уметничкото скалило станувајќи сè попознат, Хитлер се качувал на политичкото. Моќта која тоа му ја донесла на овој другиот, иронично, влијаела и на првиот од 1934. Кокоша морал да ја напуштиВиена и да се скрие во Прага бидејќи неговите слики, заедно со сликите на неколку други уметници биле прогласени за “дегенерирани“ и како такви “опасни за прерордба на германскиот народ“

За жал, се покажало дека Прага не била доволно далеку. Во 1937 година, голем број дела на Оскар Кокошка нацистите ги заплениле во склоп на уништување “дегенерирани уметности“. Револтиран, Кокошка одговорил онака како што најдобро умеел – слијаќи „Автопортрет на дегенерираниот уметник“. Во 1938 година ја сфатил опасноста која демнела од нацистите и со сопругата се преселил во Лондон каде до крајот на војната вил жесток критичар на Хитлер и нацистите. На сликата „Црвено јајце“, отворено го исмејувал својот ривал од младоста прикажувајќи ги Хитлер и Мусолини како искривени чудовишта.

Во децениите после војната, Кокошка стекнал светска слава. Кога говорел за Хитлер бил прилично помирлив.
– Голема штета е што Хитлер успешно не поминал кај комисијата на Академијата на уметностите, а јас поминав. Да поминеше, тој само ќе станеше лош сликар, а јас ако бев одбиен ќе станев разумен политичар, такашто светот ќе беше поштеден од големо страдање, истакнал Оскар Кокошка во една прилика.

Оскар Кокошка

Дали Хитлер бил добар сликар?

За тоа колку Хитлер бил талентиран мислењата и денеска се поделени. Пред да стане канцелар, Хитлер како сликар бил прилично неуспешен. Имало и такви кои злобно го нарекувале “молер“. Критичарите сметаат дека фактот што Хитлер ретко цртал луѓе говори во прилог на неговата неумешност и недостаток на талент. Голем број од неговите дела после Втораа светска војна се појавиле по приватни колекции и во годините кои следеле на аукции достигнале големи вредности. Во текот на 2014, еден акварел е продаден за 130.000 евра. Сепак, голем број Хитлерови дела се запленети од страна на американската војска и тие денеска се наоѓаат во сопствеништво на владата на оваа држава.

Прочитајте ги и фактите за најпознатата слика за Густав Климт.

Напишете коментар