Skip to content

Разговор за романот „По вина на судбината“ од Симона Николова

  • by

Во претходните два наврати имавме можност да поразговараме со авторката Симона. Во едниот за првпат се запознавме со нејзиното творештво, а вториот пат разговаравме за првата книга од трилогијата која ја најави.

Во денешниот трет разговор, зборуваме за втората книга „По вина на судбината“ во кој младата авторка ќе ни открие повеќе детали, па можеби ќе ве заинтересира и ќе посакате да ја прочитате приказната која стои зад оваа книга.

Љубовта преовладува во твоите новели како тема што ја обработуваш. Ако во „Бура од емоции“ читателот доживува бура од емоциите, што да се очекува од продолжетокот или втората книга „По вина на судбината“?

– Интересно прашање. Јас би рекла дека читателот повторно да очекува една бура од емоции. Љубовта нема планови ниту правила. Таа доаѓа во молк и ако е вистинска ќе остане и тивко ќе се засолни во срцето каде ќе се храни од емоциите, а ако е минлива љубов, таа ќе направи само една бура и ќе си замине.

Колку судбината е виновна за развојот на настаните во нашите животи, кога таа меша прсти, а кога нештата се наша заслуга?

– Ух… е навистина ме остави без зборови прашањево, немам конкретен одговор. Судбината е секогаш присутна во нашиот живот, затоа работите секогаш се случуваат со причина. Дали е поради нешто или некој, судбината најдобро знае.

Ни спомна дека во книгата ликовите се вљубуваат на прв поглед, дали ти лично веруваш во вљубувањето на прв поглед, дали е тоа можно?

– Секако дека е можно, но таа љубов на прв поглед се случува многу ретко во малкумина. И да, верувам во љубовта зошто го имам доживеано.

Што сè може човек да направи во името на љубовта?

– Секој човек различно ја доживува љубовта и очигледно е не можам точно да одговорам. Да одговорам лично за мене, ја сакам љубовта и верувам во неа. Има голем број на чувства во љубовта…

Како би ги опишала главните јунаци во „По вина на судбината“, за што се тие виновни?

– Ќе доживеат љубов на прв поглед која ќе му даде друг правец на нивните животи, но вината за нивната разделба ќе биде на Луис, машкиот јунак на оваа приказна, бидејќи ќе сокрие од Лусија дека е женет човек. Тоа многу ќе ја повреди. На крајот ние самите сме виновни за некои наши постапки. И да не должам, само ќе ве поканам да ја прочитате ова љубовна приказна.

Во кој случај неверството би требало да се опрости и дали воопшто тоа треба да се опростува?

– Навистина интересно, а и љубопитно прашање за кое немам одговор. Секој реагира различно, на крај краишта секој има свој карактер, свој избор и има свои одлуки. Сепак ќе одговорам лично за мене, веќе како што кажав предходно, јас сум горда личност и такво нешто не би толерирала, така да, не простувам. И јас би изреагирала како Лусија…

Што ги измачува ликовите во вториот дел од трилогијата, а би можела да ни го откриеш? Кое е клучниот момент со кој ќе се заскокотка интересот на читателите за да ја прочитаат новелата?

– Имам убави пораки, а и поучни можам да кажам или совети… не знам, секој различно ќе ги толкува. Се работи за вистинска љубов, она силно чувство што се чувствуа еднаш во животот. И двајцатта доживуваат голема страст и интензивна љубов која и покрај сите пречки таа љубов ќе живее се` до крај, се` додека смртта се помеша и не ги раздели.

Што претставува љубовта за тебе, како ти би ја опишала?

– Јас немам многу искуства, но доволно за да кажам дека љубота е најубавото чувство што еден човек може да го чувствува и повеќе ако таа љубов е возвратена. Љубовта за мене е нешто свето, Божјо и не би си играла со ничии чувства, иако многумина не го гледаат тоа така. За жал денес, многумина ја ставаат љувота на последно место и преферираат да се задоволат со материјалните работи и телото.

Како читателите можат да дојдат до книгата што сакаат да ја прочитаат?

– Едноставно… секој читател има свој вкус и го чита тоа што сака да го прочита, тоа што му го привлекува вниманието. Не можам да ги убедувам да читаат книга која мене ми се допаднала, кога таа тема не ги интересира како мене. Мислам дека е јасно.

Твојата порака до читателите на Крајбрежје?

– Препорачлив блог. Имаат занимливи статии кои ми го привлекуваат вниманието и веднаш ги читам. Чиста 10ка од мене.

Напишете коментар