Skip to content

Утро – Анастасија Лефкоска

Стоев мирно кога се случи,
немаше предзнак ниту звуци што алудираа,
на сред гужвата,
утро блесна во душава.

И не ми е јасно како дотогаш живеев без светлина,
јас – родена темнина од коренот на пеколот извадена,
на утрото сум сега целосно предадена.

А ти, Утро мое златно,
покажи ми ги лузните и стравот
и ќе сфатиш дека сака безусловно дете родено на сред пеколот.

Утро мое,
ќе си го одржам зборот
и ко што ти кажав во сонот,
со голи заби сите зла ќе ги растргам,
светот ќе го променам,
за само со тебе Утро мое, да се разбудам.

Напишете коментар