Skip to content

Заборав – Наталија Наумовска

Сè ќе избледе

како пареата од жешкиот чај

на стаклото од очилата,

сè ќе помине

како долгите денови

што конечно завршиле.

Сè ќе избледе,

сè ќе помине,

мислата ќе остане,

зборот ќе ја следи,

споменот ќе живее.

Сè ќе избледе,

сè ќе помине,

само не дозволувај

да се сториме заборав.

Напишете коментар