Skip to content

Конкурс за најдобра поетска творба од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

  • by

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишува:  Конкурс  за најдобра поетска творба на тема: „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“.

На конкурсот може да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории:

– Ученици од основните училишта VIII  и IX одделение

– Ученици од средните училишта

За секоја од двете категории и возрасти ќе се доделат: прва, втора и трета награда.

Поетските творби посветени на Прличев треба  да се достават со име и презиме и  училиште, одделение или клас на следната електронска адреса: [email protected], а авторството ќе се докаже со примерок од творбата.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во  НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Конкурсот трае oд 25 февруари заклучно со 15 март (понеделник)  2021 година. Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

За изборот и доделувањето на наградите Библиотеката дополнително ќе извести НУ. Ова стои на официјалната страна од библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид.

Извор

Напишете коментар