Skip to content

Нишка на вечното – Јелена Ѓиноска

  • by

Не можам да бакнувам усни од кои капе отров наречен лаги
Не можам да менувам срце светло за срце кое е потемно од самиот црн оникс
Вагата никогаш не застанала мирна кога сме јас и ти врз неа
Мечот никогаш не почувал мирно за долго
А мене … мене за љубов ми се потребни малку работи а сепак многу вредности
Мене за бакнежи ми се потребни пијани вистини и бессони ноќи
од кои воздишките и насмевките стигаат до самите Богови како опојна мелодија

За да не благословат и сите демони да ги замолчат
Како преплет на настаните
Јаболкото одамна е изедено
И пандорината кутија одамна е отворена
Огнената романса лежи мирно и чека отвор
Неуништливоста на љубовта која се градела и надоградувала низ години
За да го дофати брзото темпо на настаните
На она што денес се нарекува љубов
Пресудив и решив
Јас ја создавам сега своја градина
Со убави рози и безброј дрва кои наскоро ќе родат плод
Од мојата љубов, грижа и посветеност

Сега вешто додавам во пандорината кутија и не чекам ништо да излезе од неа
Неочекувано и бесно со леснотија, сопствена пакост и грижа за раните кои настанале
Како да исчезнува целото зло што го ставам во неа, апсорбирајќи го твоето
Исчезнува и целата добрина, како во вечна битка се слева на дното, веднаш по злото
Запечатувам со последната свеќа во виолетова боја
Истата онаа со која те запечатив и тебе за последен пат како последно писмо испратено до Купидон
Со натпис благодарам за љубезноста, но не прифаќам веќе ништо помалку од вистина
Ништо помалку од авантуристичка и длабока љубов

Го сакам олицетворението на вековната љубов наша
Онаа невината и чистата како солза
Огнена
Моите долгови се исплатени веќе подолго време
Можеби и за сите животи
Некои би ме нарекле вештерка
Но, ти знаеш дека јас сум една од подобрите во оваа ера
Затоа што сè што земам и давам е …љубов
Љубов која трае низ векови
Како нишка низ времето те љубам измеѓу сите паузи

Јелена Ѓиноска

Напишете коментар