Skip to content

Поучна приказна за една Среќа и нејзиното семејство

Дојдов да се поздравам со вас. Моето име е Среќа и сум составен дел од вашиот живот, од животот на оние кои веруваат во силата на љубовта и животот. Оние кои веруваат дека љубовта е бесконечна. Знаете ли дека сум во брак? Одамна се венчав за Времето и тоа е одговорно за решението на многу проблеми кои на почетокот ќе ви изгледаат големи и безизлезни. Тоа ги изградува срцата и личноста, ги лечи раните и ја победува тагата. Времето и јас заедно имаме три деца. Нашите деца се Пријателство, Мудрост и Љубов.

Пријателтството е најстарото дете убаво, весело и насмеано. Ги зближува луѓето, а при тоа никого не ранува туку го утешува секого кој ќе му се приближи држејќи го за рака. Мудроста е нашето второ дете. Таа е паметна, со цврсти принципи и непрекинато учи и сè ја интересира. Најслична е на својот татко Времето. Можете да замислите како е кога тие двајца чекорат заедно – Мудрост и Време.

Најмлада е Љубов. Колку работа има со неа! Тврдоглава е, упорна и превртлива така што понекогаш сака да живее само на едно место, а после некое време ќе ѝ текне да вели дека е создадена да живее во две срца, а не само во едно. Ах, мојата Љубов е многу сложена особа, некогаш луѓето знаат да ја направат себична! Кога ќе дојде до тоа на сцена морам да го повикам нејзиниот татко. Времето доаѓа и се обидува да ги сошие раните кои ги предизвикала неговата ќерка Љубов, а често на помош доаѓа и Мудроста иако не е во сите наврати од голема корист со својот памет.

Еднаш еден човек ми рече:

– На крајот сè си доаѓа на свое, на овој или на оној начин. Ако нештата сè уште не се средиле и наместиле значи дека уште не сме на нашиот прав пат. Затоа, ви велам, верувајте му на моето семејство, на мојот сопруг Време и на моите деца Пријателство, Мудрост и Љубов. Ако имате малку доверба во нив, знајте дека и јас, Среќа еден ден секако ќе затропам на вашата врата.

П.С. Немојте да бидете себични, завидливи и полни со омраза, бидете толерантни и полни со љубов за сите. И никогаш не заборавајте да се смеете!

Непознат автор

Прочитајте и зошто животот е како патување со воз.