Skip to content

Конкурс за најдобра песна од Меѓународниот фестивал „Литературни искри“ – Гостивар

  • by

Право на учество имаат сите поети од Македонија и Балканските земји. Се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години.

Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик (задолжително се доставува препев на македонски или на англиски јазик од учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик).

Темата е слободна.

Песните се доставуваат во WORD документ и истите треба да бидат лекторирани.

Секој учесник задолжително доставува податоци: име и презиме, адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт.

Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот: [email protected].

Крајниот рок за пријавување е 31-ви март, 2021 год.

Уредно доставените песни ќе ги оценува тричлена жири комисија, која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка.
Напомена: Авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените точки во конкурсот ќе бидат дисквалификувани.

Фестивалот „Литературни искри“ годинава се организира по осми пат, во чест на 24-ти Мај, Денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

Напишете коментар