Skip to content

Не ме заборавај – А. Лефкоска

Не ме заборавај, океј?
кога ќе заминам одовде,
кога патот ќе ме однесе којзнае каде,
не ме заборавај, стави ме во некоја фиока некаде,
и извади ме секогаш кога ќе затребам,
којзнае, можеби ќе те изненадам.

Не ме заборавај, океј?
Штом месечина блесне сети се на мене,
на поетот што никој не успеа да го разбере, а беше лесно, толку лесно…

Не ме заборавај, океј?
Песно.
Несреќо,
Ѕвездо.
Судбино.
Можеби таму далеку ќе се сменам, ама ќе ме познаеш, мора да ме познаеш, само… само бакни ме в образ кога ќе дознаеш и пак ќе се вратам на старото, само малку позрело.

Ќе се сретнеме пак, само малку почекај
ќе се сретнеме пак, само дотогаш не ме заборавај.

Од “Дневникот на една будала”

Напишете коментар